Johnson & Johnson Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH Mode D'emploi page 183

Masquer les pouces Voir aussi pour Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
употреби стерилна газа намокрена со стерилен раствор за нежно да се
исчисти делот на врвот; не тријте или виткајте ја електродата на врвот
бидејќи може да настане оштетување и олабавување на електродата
на врвот или може да настане оштетување на сензорот за контактна
сила и тоа да влијае врз точноста на мерењето. Пред повторно
внесување, проверете дали отворите за измивање се исклучени со
зголемување на степенот на проток и проверување на протокот од секој
од шестте отвори за измивање.
Доколку дојде до затнување на отвор за измивање:
Наполнете шприц од 1 или 2 мл* со стерилен раствор и
a)
прикачете го за вентилот или странично.
Внимателно внесете го растворот од шприцот во катетерот.
b)
Треба да се види млаз течност од сите шест (6) отвори.
Повторете ги чекорите а и б, ако е потребно, додека отворите не
c)
се исчистени.
Измијте го катетерот и цевката со стандардна техника за
d)
прочистување на заглавени воздушни меурчиња и проверете
дали отворите за измивање се заштитени.
Сега катетерот може да се внесе во пациентот.
e)
Анулирајте го го катетерот после повторно внесување во
f)
пациентот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не продолжувајте со употреба на катетерот
доколку сеуште е затнат или доколку не работи соодветно.
*ЗАБЕЛЕШКА: Еден мал шприц обезбедува доволно притисок за да
даде видлив млаз на течност.
Несакани реакции
Забележани се неколку сериозни несакани реакции во постапките на
катетерска аблација, вклучувајќи белодробна емболија, миокарден
инфаркт, мозочен удар, срцева тампонажа и смрт.
Следните компликации се забележани како случаи во претходни
испитувања или се најдени во во литературата:
Поврзани со катетеризација/постапки со катетер: васкуларно
крвавење/локални хематоми, тромбоза, артериовенозна (АВ) фистула,
псевдоаневризам, тромбоемболија и вазовагални реакции, срцева
перфорација, перикардијален излив/тампонажа, тромб, воздушна
емболија, аритмија и валвуларно оштетување, пневмоторакс и
хемоторакс, белодробна едема, хипоксија, плеврален излив, синдром
на акутно респиратурен стрес (САРС), конгестивна срцева слабост,
аспирациона пневмонија, пневмонија, напад на астма, низок крвен
притисок, имплантен кардиовертер дефибрилатор (ИКД), недостаток на
железо, анемија, тромбоцитопенија, распространета интраваскуларна
коагулација, епистаксија, системична инфекција, инфекција на
уринарниот тракт, апнеа предизвикана од седативи, задржување на
предизвикано од седативи со летаргија колециститис.
CO
2
Поврзано со РФ: болки/непријатност во градите, вентрикуларна
тахиаритмија, минлив исхемичен напад (МИН), цереброваскуларна
незгода (ЦВН), целосно блокирање на срцето, коронарен артериски
грч, коронарна артериска тромбоза, коронарна артериска дисекција,
срцева тромбоемболија, перикардитис, срцева перфорација/
тампонажа, валвуларно оштетување и зголемено ниво на
фосфокиназа.
Неповрзано со уредот или постапката: задржување на урина, минлива
вкочанетост на екстремитети, Паркинсонова болест и
гастроинтестинална дивертикулоза.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ВО ОДНОС НА ГАРАНЦИЈАТА И
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
НЕ ПОСТОИ ЈАСНА ИЛИ ПРЕТПОСТАВЕНА ГАРАНЦИЈА, ВКЛУЧУВАЈЌИ
ЈА, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, СЕКОЈА ПРЕТПОСТАВЕНА ГАРАНЦИЈА ЗА
ПАЗАРНА КОНКУРЕНТНОСТ ИЛИ СООДВЕТНОСТ ЗА КОНКРЕТНА
НАМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ(Е) ОПИШАН(И) ОВДЕ. ПОД НИКАКВИ
ОКОЛНОСТИ BIOSENSE WEBSTER, INC. ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ ФИЛИЈАЛИ,
НЕМА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ,
ДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ ОСВЕН АКО
НЕ Е ИЗРЕЧНО ПРЕДВИДЕНО СО СООДВЕТНИОТ ЗАКОН.
БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО,
BIOSENSE WEBSTER, INC. ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ ФИЛИЈАЛИ, НЕМА ДА
СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ, ДИРЕКТНИ,
СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ
ОД ПОВТОРНАТА УПОТРЕБА НА КОЈ(И) БИЛО ПРОИЗВОД(И) КОЈ(И) Е
(СЕ) ОЗНАЧЕН(И) ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА ИЛИ КАДЕ ШТО
ПОВТОРНАТА УПОТРЕБА Е ЗАБРАНЕТА СО ВАЖЕЧКИ ЗАКОН.
Описите и спецификациите кои се појавуваат во печатените материјали на
Biosense Webster, Inc., вклучувајќи ја и оваа публикација, се само
информативни и наменети само општо да се опише производот(ите) во
времето на производство и не се направени или дадени како гаранција за
пропишаниот производ(и) на кој било начин.
M-5276-684K
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
Македонски јазик
183
Release Date: 11/1/2019

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières