Johnson & Johnson Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH Mode D'emploi page 181

Masquer les pouces Voir aussi pour Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
Проверете дали РФ генераторот прикажува температура помала од 37 ºC
пред да го вметнете катетерот во пациентот и пред примената на РФ
моќност.
Работење на РФ генераторот
Прочитајте го прирачникот за применлив РФ генератор за правилно
поврзување на катетерот со генераторот и за детални насоки за работата
на генераторот за РФ аблација.
Параметрите за примена на РФ аблација ќе се менуваат во зависност од
местото на аблација, посебните услови присутни во секоја постапка и
контролните кола на РФ генераторот. Врз основа на добиените податоци од
претходни животински и клинички испитувања, препорачаните параметри
во примената на РФ се дадени подолу во „Насоки за користење" и во
Табела 1. Секогаш следете го порастот на температурата и ефективниот
отпор при користење на THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот
навигациски катетер.
Како се испорачува
THERMOCOOL SMARTTOUCH™ Двонасочниот навигациски катетер се
набавува СТЕРИЛЕН (ЕtО).
Катетерот има навлака од 7,5 F со прстенасти електроди од 8 F и
корисна должина од 115 см.
Во моментот, достапните криви за THERMOCOOL SMARTTOUCH™
Двонасочниот навигациски катетер вклучуваат DD, FF, JJ, DF и FJ
(Слика 1).
Дополнително, одделно се обезбедени помошни уреди за катетерот.
Пакување
THERMOCOOL SMARTTOUCH™ Двонасочниот навигациски катетер се
набавува СТЕРИЛЕН. Катетерот е заштитен во дводелен термофорски сад
и сместен во филм торбичка од тирекс/најлон, затворена и ставена во
кутија. И торбичката и термофорскиот сад се стерилни, освен ако
пакувањето не е оштетено или отворено.
Чување
Чувајте на ладно, суво и темно место. Температурата за чување треба да
биде помеѓу 5 и 25 ºC (41 и 77 ºF).
Стерилизација/„рок на употреба" датум
Катетерот е стерилизиран со гас етилен оксид. Изведени се тестирања на
производот и амбалажата за поткрепување на датумот за „рок на употреба",
отпечатен на етикетата на производот. ДА НЕ СЕ КОРИСТИ по
назначениот „рок на употреба" датум.
Отстранување во отпад
Рециклирајте ги составните делови или фрлете го производот и останатите
елементи или отпадоци според локалните закони и регулативи.
Насоки за употреба
Прочитајте ги Прирачниците за користење на CARTO™ 3 Системот,
пумпицата за измивање и РФ генераторот за насоки за поврзување и
работење со овие системи заедно со THERMOCOOL SMARTTOUCH™
двонасочниот навигациски катетер. Применувајте соодветни
Biosense Webster додатни кабли за поврзување на
THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот навигациски катетер со
соодветната дополнителна опрема.
Со употреба на асептична техника, извадете го катетерот од
1.
пакувањето и ставете го на стерилно поле за работа. Внимателно
проверете го катетерот за интегритет на електродите и општата
состојба.
Направете васкуларен пристап на голем централен крвен сад со
2.
употреба на асептична техника.
За да спречите оштетување на врвот на катетерот, користете ја цевката
3.
за внесување дадена со катетерот за да ги внесувате напред или да го
повлекувате наназад катетерот низ хемостатската валвула на
обвивката. По внесувањето, повлечете ја цевката за воведување назад
кон рачката.
За да ја потврдите компатибилноста помеѓу обвивката и катетерот,
4.
ставете го катетерот низ обвивката пред внесување. Секоја обвивка
< 8,5 F предизвикува контраиндикации.
Катетерот е поврзан со опремата за снимање и/или РФ генераторот
5.
преку CARTO™ 3 Системот со користење на соодветни поврзувачки
кабли. Поврзете го катетерот со Единицата за поврзување со пациент
(ЕПП) преку соодветен Biosense Webster кабел. Поврзете ја ЕПП со
генераторот преку соодветен Biosense Webster кабел. Поврзете ја ЕПП
со системите за снимање и мапирање, вклучувајќи го и CARTO™ 3
системот за навигација со соодветни поврзувачки кабли. Користете ги
Biosense Webster поврзувачките кабли. Поврзeте ја цевката на
пумпицата за измивање со Луер поставувањето на катетерот. Може да
се користи и 3-насочен вентил. Поврзете ја пумпицата за измивање со
ќесичка со физиолошки раствор хепаризиран (1 IU хепарин/мл) на
собна температура со користење на стандардните болнички
безбедносни практики. За да го затворите електричното коло, поврзете
индиферентна електрода со влез на индиферентна електрода на
генераторот.
Измијте го катетерот и цевката со стандардна техника за прочистување
6.
на заглавени воздушни меурчиња и проверка дека отворите за
измивање се заштитени.
Започнете со постојано измивање со степен на проток од 2 мл/мин.
7.
Внесете го THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот навигациски
8.
катетер низ местото за влез со користење на цевката за внесување и
соодветни димензионираната воведувачка обвивка. Движете го
катетерот кон областа што се испитува.
Употребувајте флуороскопија и електрограми за помош при правилно
9.
поставување.
Со цел да се постигне точност и стабилност во читањето на
10.
оптималната сила, дозволете катетерот да се загрее 2 минути по
поврзувањето со CARTO™ 3 Системот, пред употреба на
карактеристиката на повраток на сила.
Анулирајте го читањето на контактната сила по внесувањето во
11.
пациентот. Електродата на врвот и првите две прстенасти електроди
мора да бидат надвор од обвивката за сензорот за сила да биде внатре
во телото. Проверете врвот на катетерот да не е во допир со ткиво
преку проверување на локацијата на флуоро и CARTO™ системот, ЕГМ
амплитудата и движењето на катетерот. Промените во читањето на
силата на ист степен со срцевиот или респираторниот циклус може да
укажат на контакт со срцевите структури. Кога овие маркери ќе покажат
M-5276-684K
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
Слика 1
Македонски јазик
181
Release Date: 11/1/2019

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières