Johnson & Johnson Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH Mode D'emploi page 179

Masquer les pouces Voir aussi pour Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
обложена навлака на друг катетер. Доколку се забележат екстремни
варирања во силата, проверете дали сензорот за контактна сила на
катетерот се наоѓа во близина на навлаката на друг катетер, проверете
го анулирањето на катетерот и, ако е потребно, отстранете и проверете
го катетерот.
За да се обезбеди правилно работење на сензорот за контактна сила,
7.
првите две прстенасти електроди на врвот на катетерот мора да
излегуваат од дисталниот врв на насочувачката навлака.
При примена на висока странична сила при мапирање и примена на
8.
РФ, корисникот мора да ја следи таблата на силата на контакт и
приказот на векторот на екранот на CARTO™ 3 за да провери дали
мерењата на силата на контакт остануваат во точниот опсег.
Прочитајте во делот за Пораки за грешки и предупредувања во
Упатствата за употреба на системот CARTO™ 3 за системски пораки за
предупредување и укажувања поврзани со неточно читање на силата.
Не го користете сензорот за температура за следење на температурата
9.
на ткивото. Сензорот за температура се наоѓа во делот на врвот на
катетерот и не ја одразува поврзаноста на електродата со ткивото ниту
температурата на ткивото поради ефектите на ладење на измивањето
со раствор на електродата. Температурата која се прикажува на РФ
генераторот е температурата на изладената електрода, а не
температурата на ткивото. Сензорот за температура се користи за да
потврди дека степенот на проток на измивањето е соодветен. Пред да
започне примената на РФ струјата, падот на температурата на
електродата потврдува почеток на измивање со раствор на
електродата за аблација. Следењето на температурата од електродата
при примената на РФ струја обезбедува одржување соодветен степен
на проток на измивање.
10. Важно е внимателно да се следи постапката на титрација на моќност
како што е наведено во упатството за употреба. Брзото покачување на
силата при аблација може да доведе до перфорација предизвикана од
скок на пареа.
11. Катетерот може да ја оштети простетичната трикуспидална валвула на
пациентот ако катетерот одеднаш се движи напред низ валвулата.
12. Пациентот кој претходно имал постапка на атријална ритмична
аблација може да биде со поголем ризик од перфорација и/или
перикардијален излив со користењето на овој катетерски систем.
13. Во согласност со протоколот на Вашата болница, следете го нивото на
течности кај пациентот во текот на целата постапка за да се избегне
преоптеретување на волуменот на течност. Некои пациенти може да
имаат фактори кои им ја намалуваат способноста да се справат со тоа
преоптеретување, што ги прави подложни на развој на белдробен оток
или срцева слабост за време на или по постапката. Пациентите со
конгестивна срцева слабост или бубрежна инсуфициенција и постарите
лица се особено подложни на тоа. Пред самата постапка, секогаш
идентификувајте го ризикот од преоптеретување на волуменот кај
пациентот.
14. Не е докажано дека катетерот е безбеден на температура на
електродите над 50 ºC.
15. Имплантните срцеви стимулатори и имплантниот
кардиовертер/дефибрилатор (ИКД) може да подлежат на негативно
влијание од РФ струјата. Важно е да постојат надворешни извори на
стимулации и дефибрилација достапни во текот на аблацијата и
привремено да се репрограмира системот за стимулирање на
минимален излез или ИСКЛУЧЕН режим заради минимизирање на
ризикот од нессодветно стимулирање. Посветете големо внимание во
текот на аблацијата кога постои близина на атријални или
вентрикуларни постојани врски; програмирајте го ИКД на ИСКЛУЧЕН
режим во текот на постапката за аблација и изведете целосна анализа
на имплантниот уред на сите пациенти по аблацијата.
16. Пациентите кои подлежат на септална аблација со дополнителни
патеки имаат ризик од целосно АВ блокирање кои бара имплантација
на постојан срцев стимулатор. Пациентите кои доживеале ненамерно
АВ блокирање како резултат на РФ аблација имаат потреба од
постојано стимулирање.
17. При транс-аортен пристап, потребна е соодветна флуороскопска
визуелизација за да се избегне поставувањето на катетерот во
коронарната васкулатура. Интракоронарното поставување на катетерот
за аблација, примената на РФ енергија или и двете се поврзани со
миокарден инфаркт.
18. Намалете ја изложеноста на рентгенско зрачење во текот на
постапката. Постапките за срцева катетеризација претствавуваат
потенцијал за значително изложување на рентгенско зрачење, што
може да доведе до повреда од акутно зрачење, како и зголемен ризик
од соматски и генетски влијанија, како врз пациентите, така и врз
лабораторискиот персонал, а како резултат на интензитетот на снопот
од рентгенски зраци и траењето на флуороскопското снимање.
Срцевата катетеризација треба да се изведува откако ќе се обрне
внимание на можната изложеност на зрачење поврзана со постапката и
ќе се преземат чекори за намалување на изложеноста. Според тоа,
мора внимателно да се размисли пред употребата на овој уред кај
бремени жени.
19. Не го изложувајте катетерот на органски растворувачи, како што е
алкохол.
20. Не го ставајте катетерот во автоклав.
21. Не го натопувајте проксималниот рачен дел или поврзувачот на кабли
во течности; тоа може да доведе до електричен спој.
22. Не ја тријте или виткајте електродата со дистален врв во текот на
чистењето.
23. Проверете го растворот за измивање да не има воздушни меурчиња
пред да го користите во постапката. Воздушните меурчиња во
растворот може да предизвикаат емболија.
24. Прочистете со катетерот и цевката за измивање со хепаризиран
физиолошки раствор.
25. Електрофизиолошките катетери и системи се наменети за користење
само во простории заштитени од рентгенско зрачење поради барањата
за електромагнетска соодветност и други болнички насоки за
безбедност.
26. Не ракувајте со Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™
двонасочниот навигациски катетер или РФ генераторот пред целосно
да го прочитате или разберете соодветното упатство за употреба.
27. Постапките за срцева аблација треба да ги изведуваат соодветно
обучени лица во целосно опремена електрофизиолошка лабораторија.
Треба да се применува и соодветно клиничко упатство за употреба на
THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот навигациски катетер.
28. Не се утврдени долгорочни ризици од долготрајна флуороскопија и
создавање на РФ индуцирани лезии. Според тоа, мора внимателно да
се размисли пред употребата на овој уред кај деца пред пубертет.
Дополнително, ризикот/користа кај асимптоматични пациенти не се
проучувани.
29. За да се избегне тромбоемболија, треба да се користи интравенозен
хепарин при влез во левата страна на срцето при аблација и многу
лекари препишуваат Аспирин, малку поретко Варфарин за околу
3 месеци после тоа. Не постои спогодбено решение за потребата
од краткотрајна антикоагулација после аблација.
30. При користење на Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™
Двоасочниот навигациски катетер со традиционални системи
(користење флуороскопија за одредување на локацијата на врвот на
катетерот) или Систем за навигација CARTO™ 3, мора да се изведе
внимателно ракување за да се избегне срцево оштетување,
перфорација или тампонажа. Движењето на катетерот треба да се
изведува со флуороскопско водење. Не употребувајте прекумерна сила
M-5276-684K
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
Македонски јазик
179
Release Date: 11/1/2019

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières