Македонски јазик
за движење или повлекување на катетерот доколку наидете на отпор.
Цврстината на обложениот врв ја наложува да се внимава за да се
спречи перфорација на срцето. Читањето на контактната сила служи
само како информација и не е наменето да го замени справувањето со
стандардните мерки на претпазливост.
31. Секогаш повлекувајте ја рачката во неутрална положба за да го
исправите врвот на катетерот пред внесување или повлекување на
катетерот.
32. Секогаш одржувајте постојана инфузија од хепаризиран физиолошки
раствор за да спречите коагулација во луменот на катетерот.
33. Кога РФ струјата ќе се прекине поради покачување на температурата
или ефективниот отпор (се надминува поставеното ограничување),
катетерот треба да се отстрани и врвот да се исчисти од коагулум, ако
го има. При чистење на електродата на врвот, внимавајте да на ја
свиткате електродата на врвот во однос на навлаката на катетерот;
виткањето може ја оштети врската на електродата на врвот и да ја
олабави или може да го оштети сензорот за контактна сила.
Значителна промена во основното читање по чистењето може да укаже
на оштетен сензор за контактна сила. Проверете дали отворите за
измивање се исклучени пред повторно внесување.
34. Видливо ниската моќност, читањето висок ефективен отпор или
слабост на опремата да функционира правилно со нормални
поставувања може да укажуваат на неправилна примена на
индиферентните електроди или слабост на елетричното насочување.
Не ја зголемувајте моќноста пред проверување на видливите
недостатоци или погрешна примена на индиферентната електрода или
други електрични насочувања.
35. Прочитајте и следете ги упатствата за употреба на производителот за
индиферентни електроди; се препорачува користење на индиферентни
електроди кои ги исполнуваат или надминуваат барањата ANSI/AAMI
(AAMI IEC 60601-2-2); се препорачува (на пример, 3М Model 1149F или
Valley Lab Model 7505).
36. Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™ Двоасочниот
навигациски катетер е наменет за употреба со компатибилни РФ
генератори, компатибилна пумпица за измивање, системи CARTO™ 3 и
кабли Biosense Webster и други соодветни поврзувачки кабли и
поврзувачи.
37. Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот
навигациски катетер се .покажа дека создава поголеми лезии од
стандардните неизмивачки катетери за РФ аблација. Треба да се
внимава при аблација на блиски структури како што се сино-
атријалните и атриовентрикуларните јазли.
38. Стерилното пакување и катетерот треба да бидат проверени пред
употребата. Да не се користи ако амбалажата или катетерот изгледаат
оштетени.
39. Катетерот е стерилизиран со гас етилен оксид и треба да се користи до
„датумот за користење" на пакувањето на уредот. Не го користете
катетерот доколку поминал „датумот за користење".
40. Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот
навигациски катетер е наменет за користење за само еден пациент.
41. Овој уред е спакуван и стерилизиран за еднократна употреба. Не
употребувајте, преработувајте или стерилизирајте повторно.
Повторната употреба, обработка или стерилизирање може да го
изложат на ризик структурниот идентитет на уредот и/или да доведат
до негово расипување, што, за возврат, може да предизвика повреда,
болест или смрт кај пациентот. Исто така, преработката или повторната
стерилизација на уредите за еднократна употреба може да создадат
ризик од заразеност и/или да предизвикаат инфекција кај пациентот
или вкрстена инфекција, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на
пренесување заразни болести од еден пациент на друг.
Контаминирањето на уредот може да доведе до повреда, болест или
смрт кај пациентот.
42. Не го користете во близина на опрема за МР бидејќи може да дојде до
движење или загревање на катетерот и сликата на приказот може да се
изобличи.
43. Користете флуороскопија и електрограмски податоци за следење на
напредувањето на катетерот и намалување на ризикот од повреда на
ткивото.
44. Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот
катетер употребен заедно со компатибилен РФ генератор може да
испорачува значителна електрична моќност. Неправилното ракување
со катетерот и индиферентната електрода може да доведат до повреда
на пациентот или операторот, особено при ракување со катетерот. При
испорачување струја, пациентот не смее да биде во контакт со
заземјени метални површини. Ако при аблација температурата не се
покачи, прекинете ја енергијата и проверете го поставувањето.
45. Ризикот од запалување на запаливи гасови или други материјали е
својствен за електрохирургијата. Мора да се преземат мерки на
претпазливост за ограничување на запаливи материјали од приборот
за електрохирургија.
46. Електромагнетната интерференција (ЕМИ) произведена од
Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот
навигациски катетер, кога се користи заедно со РФ генератор во
нормално работење, може негативно да влијае врз работењето на
другата опрема.
47. Електродите и сондите за уредите за следење и стимулација може да
дадат насоки за висоокофрекфентна струја. Ризикот од изгореници
може да се намали, но не и целосно да се отстрани со поставување на
електродите и сондите колку што е можно подалеку од местото на
аблација и индиферентната електрода. Заштитниот ефективен отпор
може да го намали ризикот од изгореници и да овозможи постојано
следење на електрокардиограмот при испорачување енергија.
48. Сензорот за температура ја мери температурата на врвот на
електродата, а не температурата на ткивото. Температурата прикажана
на РФ генераторот е температурата на само на изладената електрода,
а не ја претставува температурата на ткивото. Ако РФ генераторот не
прикажува температура, проверете дали е приклучен соодветниот
кабел во РФ генераторот. Ако температурата сеуште не се прикажува,
можно е да постои неисправност во сензорскиот систем за температура
која мора да се поправи пред примена на РФ моќност.
49. Точноста во мерењето на температурата на Biosense Webster
THERMOCOOL SMARTTOUCH™ двонасочниот навигациски катетер,
како и со секој електрофизиолошки катетер за мерење температура, се
одредува со спецификација на точноста на температурата на
користениот РФ генератор. Спецификацијата на точноста на
температурата проверете ја во прирачникот за користење на РФ
генераторот што треба да се користи.
50. Пред употреба, проверете дали портите за измивање се заштитени со
вбризгување хепаризиран физиолошки раствор преку катетерот и
цевката.
51. Редовно проверувајте и тестирајте ги повторно употребливите кабли и
додатоци.
РФ аблација
За РФ аблација, катетерот со поврзува со ЕПП на системот CARTO™ 3,
која се поврзува со РФ генераторот. За постапката за поставување,
прочитајте во Прирачникот за користење за Вашиот CARTO™ 3 систем за
навигација. За правилно поврзување на РФ генераторот, користете само
Biosense Webster или соодветен кабел за поврзување. За да го затворите
електричното коло, индиферентна електрода мора да се поврза влез на
индиферентна електрода на РФ генераторот. Проверете дали ефективниот
отпор на колото пред РФ аблација е во рамките на очекуваните параметри.
180
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
M-5276-684K
Release Date: 11/1/2019