Johnson & Johnson Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH SF Mode D'emploi page 187

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
Табела 1: Поставувања на РФ и проток при употреба на Stockert РФ
ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ ЗА ПРИМЕНА НА РФ
Опсег на моќност
Следење на температурата
Степен на проток на
измивање во текот на
примената на РФ
Време на примена
* Нивото на моќност кое надминува 30 W може да се употребува кога
трансмуралните лезии не може да се достигнат на ниво со пониска
енергија. За поставувања на моќноста > 30 W, препорачаниот степен на
проток на измивањето е 15 мл/мин.
** Температурата прикажана на РФ генераторот не ја претставува
температурата на ткивото или температурата на врската помеѓу
електродата и ткивото.
Дополнителни препораки:
За аблација со треперење која зависи од истмусот, примената на
моќност која надминува 30 W и оди до 50 W треба да се употребува
само ако блокот на спроводливост не може да се достигне на нивоа со
пониска моќност.
16. Препорака за измивање при употреба на Stockert РФ генератори:
Зголемете го измивањето до висок степен на проток почнувајќи од 5
секунди пред започнување на испорака на РФ енергија и одржувајќи го
таквиот висок степен до 5 секунди по завршувањето на примената на
енергија. За нивоа на моќност до 30 W, треба да се користи висок
степен на проток од 8 мл/мин. За нивоа на моќност помеѓу 31-50 W,
треба да се употребува висок степен на проток од 15 мл/мин. Не
користете катетер без проток за измивање.
17. Примената на РФ енергија не смее да биде започната додека не се
потврди зголемувањето на степенот на проток со намалување од
најмалку 2°C на температурата на електродата.
18. Следете ја температурата на врвот на катетерот во текот на целата
постапка за да обезбедите измивање. Ако температурата се зголемува
до 40°C додека трае испораката на РФ енергија, испораката на моќност
може да се прекине. Системот за измивање мора повторно да се
провери пред повторно започнување на РФ испораката. Забелешка:
Прикажаната температура ја претставува само температурата на
електродата, а не температурата на ткивото.
19. Започнете постапка со 15-20 W. После 15 секунди, моќноста може да
се зголеми за зголемување од 5-10 W, според потребите, додека не се
постигне трансмурална лезија, дефинирана со > 80% редуцираност на
униполарната атријална електрограмска амплитуда или појавата на
двојни можности на еднаква и ниска амплитуда. Се препорачува
моќноста да не надмине 50 W кога катетерот е паралелен со ткивото и
35 W кога катетерот е нормално поставен со ткивото. Траењето на
секоја РФ аблација не треба да надмине 120 секунди. Повлекувањето
на катетерот кон следната локација е дозволиво во текот на тие 120
секунди на примена на енергијата. РФ струјата може повторно да се
примени на истото или други места со употреба на истиот катетер.
20. РФ струјата може повторно да се примени на истото или други места со
употреба на истиот катетер. Сепак, во случај на прекин на генераторот
(ефективен отпор или температура), катетерот мора да се повлече и да
се провери електродата на врвот за коагулум пред повторно да се
примени РФ струја. За да се отстрани коагулумот, ако има, може да се
употреби стерилна газа намокрена со стерилен раствор за нежно да се
исчисти делот на врвот;не тријте или виткајте ја електродата на врвот
бидејќи може да настане оштетување и олабавување на електродата
на врвот или може да настане оштетување на сензорот за сила на
контакт и тоа да влијае врз точноста на мерењето. Пред повторно
внесување, проверете дали отворите за измивање се исклучени и тоа
на следниот начин:
Доколку дојде до затнување на отвор за измивање:
a)
Наполнете шприц од 1 или 2 мл со стерилен раствор и прикачете
го за вентилот или странично.
b)
Внимателно внесете го растворот од шприцот во катетерот.
Треба да се види млаз течност од врвот на катетерот.
c)
Повторете ги чекорите а и б, ако е потребно, додека отворите не
се исчистени.
d)
Измијте го катетерот и цевката со стандардна техника за
прочистување на заглавени воздушни меурчиња и проверете
дали отворите за измивање се заштитени.
e)
Сега катетерот може да се внесе во пациентот.
f)
Анулирајте го го катетерот после повторно внесување во
пациентот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не продолжувајте со употреба на катетерот
доколку сеуште е затнат или доколку не работи соодветно.
*ЗАБЕЛЕШКА: Еден мал шприц обезбедува доволно притисок за да
даде видлив млаз на течност.
Несакани реакции
Забележани се неколку сериозни несакани реакции во постапките на
катетерска аблација, вклучувајќи белодробна емболија, миокарден
инфаркт, мозочен удар, срцева тампонажа и смрт.
Следните компликации се забележани како случаи во претходни
испитувања или се најдени во во литературата:
Поврзани со катетеризација/постапки со катетер: васкуларно
крварење/локални хематоми, тромбоза, артериовенозна (АВ) фистула,
псевдоаневризам, тромбоемболија и вазовагални реакции, срцева
перфорација, перикардијален излив/тампонажа, тромб, воздушна
емболија, аритмија и валвуларно оштетување, пневмоторакс и
хемоторакс, белодробна едема, хипоксија, плеврален излив, синдром
на акутно респиратурен стрес (САРС), конгестивна срцева слабост,
аспирациона пневмонија, пневмонија, напад на астма, низок крвен
притисок, имплантен кардиовертер дефибрилатор (ИКД), недостаток на
железо, анемија, тромбоцитопенија, распространета интраваскуларна
коагулација, епистаксија, системична инфекција, инфекција на
уринарниот тракт, апнеа предизвикана од седативи, задржување на
CO
предизвикано од седативи со летаргија колециститис.
2
Поврзано со РФ: болки/непријатност во градите, вентрикуларна
тахиаритмија, минлив исхемичен напад (МИН), цереброваскуларна
незгода (ЦВН), целосно блокирање на срцето, коронарен артериски
грч, коронарна артериска тромбоза, коронарна артериска дисекција,
срцева тромбоемболија, перикардитис, срцева
перфорација/тампонажа, валвуларно оштетување и зголемено ниво на
фосфокиназа.
Неповрзано со уредот или постапката: задржување на урина, минлива
вкочанетост на екстремитети, Паркинсонова болест и
гастроинтестинална дивертикулоза.
M-5276-785B
генератори
АТРИЈАЛНА
АБЛАЦИЈА
15 W до 30 W*
< 40°C**
8 мл//мин
30 до 120 секунди
Македонски јазик
ВЕНТРИКУЛАРНА
АБЛАЦИЈА
31 W до 50 W
< 40°C**
15 мл//мин
60 до 120 секунди
187

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières