Ethicon Endo-Surgery ENSEAL G2 Mode D'emploi page 110

Dispositif de coagulation tissulaire articulé
Masquer les pouces Voir aussi pour ENSEAL G2:
Table des Matières

Publicité

Како се испорачува
Зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
®
G2 со интегриран кабел за напојување се доставува
стерилен за употреба само на еден пациент. Фрлете по употреба.
Предупредувања и мерки на претпазливост
Внимание: Сојузните закони (САД) поставуваат ограничување овој уред да се продава само од
или по налог на лекар.
Проверете да не има знаци на оштетување на кутијата за достава и инструментот. Забележете ги
сите недостатоци, скршени делови или видливи оштетувања, запомнете ги доказите и известете
ја веднаш службата за поддршка на корисници на Ethicon Endo-Surgery и заменете го со нов
инструмент. Не користете оштетен производ.
Неопходно е темелно познавање на принципите и техниките што се користат при ласерски,
електрохируршки и ултразвучни постапки со цел да се избегнат струен удар и опасност од
изгореници, и кај пациентите и кај медицинскиот персонал, како и оштетување на уредот или
други медицински инструменти. Уверете се дека не е нарушена електричната изолација или
заземјувањето.
Лапароскопските процедури со зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
ги изведуваат само лица со адекватна обука и подготовка. Консултирајте се со медицинска
литература во погледот на техники, компликации и опасности пред секоја хируршка постапка.
Не потопувајте го зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
Насобраните спроводливи течности (на пр. крв, физиолошки раствор) во директен контакт со
вилиците на инструментот може да го нарушат работењето на уредот. Отстранете ги течностите
насобрани околу вилиците на инструментот пред да го активирате инструментот.
Проверете ја компатибилноста со генераторите. Користете го уредот само со верзија на
софтверот X или понова од генераторот G11 (GEN11) на Ethicon Endo-Surgery. Повеќе
информации за генераторот G11 (GEN11) може да се најдат во прирачникот за корисник за да се
потврдат верзиите на софтвер.
Уредот е под висок напон секогаш кога е активен генераторот. Активирајте го овој уред само
кога вилиците се под директен визуелен надзор за да се избегне ненамерна коагулација на
ткивото или некроза.
Употребата на уредот кај пациенти со срцеви пејсмејкери или други активни импланти
претставува опасност поради тоа што може да се случи попречување на работата на
пејсмејкерот, или пак, негово оштетување. Во случај кога имате сомнежи, треба да побарате
одобрен и квалификуван совет.
Овој инструмент има хируршки остар раб. ОВОЈ УРЕД СЕЧЕ!
Зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
®
спојување поголеми крвни садови без целосно придвижување на ножот I-BLADE
обидувајте се да спојувате големи крвни садови само со стегање на ткивото и применување
енергија.
Не употребувајте го овој уред за крвни садови со дијаметар поголем од 7 mm.
Не употребувајте прекумерна сила на дршката за затворање на вилиците; фаќајте само онолку
ткиво колку што ќе собере во вилиците каде што ќе поминува струјата. Поголемите количини
ткиво бараат поголема употреба на сила со дршката за затворање. Прекумерната сила може да
го оштети уредот.
Избегнувајте контакт со метал и пластика кога е активен инструментот.
Користете хируршки ракавици специјално дизајнирани од производителот за електрохируршки
постапки. Користењето други ракавици може да предизвика изгореници или шок.
Ако откаже системот, проверете дали има соодветна резервна опрема на располагање која е
релевантна за конкретната постапка.
За време и по активацијата во ткивото, вилиците и оската може да бидат жешки. Постојано
избегнувајте ненамерен контакт со пациентот, ткивото, завесите, хируршките облеки или други
ненаменети места за употреба.
По употребата на инструментот за спојување и/или трансекција, секогаш проверувајте дали
настапува хемостаза на ткивото.
Ако нема настапено хемостаза, треба да се искористат соодветни техники за запирање на крвта.
Поради отежнатата видливост на нејасните структури, продолжете полека и не обидувајте се да
вршите трансекција на големи маси ткиво при една активација. Избегнувајте поделба на големи
ткива и/или васкуларни снопови кога го користите инструментот при овие услови.
®
G2 треба да
®
G2 во течности.
G2 нема укажување дека е делотворен за
®
. Не
3
Производите што ги произведуваат или дистрибуираат компании коишто не се овластени од
Ethicon Endo-Surgery може да не се усогласени со зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
G2. Користењето такви производи може да доведе до неочекувани резултати и можна повреда на
корисникот или пациентот.
Престанете со употреба и заменете го уредот доколку забележите преголем чад или искрење.
Како и кај сите извори на енергија (електрохирургија, ласер или ултразвук), постојат извесни
грижи за канцерогеност и потенцијал за инфекција поради нуспроизводи, какви што се чад од
ткивото или аеросоли. Треба да се преземат превентивни мерки, како што се носење заштитни
очила, филтер-маски и ефикасна опрема за отстранување чад при лапароскопски или отворени
постапки.
Со инструментите или уредите што доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно да
се постапува за да се спречи биолошка контаминација.
За да загарантирате ефективно спојување и трансекција на големи крвни садови, секогаш
целосно придвижувајте го напред I-BLADE
®
Не престанувајте со стегањето на дршката за затворање кога I-BLADE
придвижен.
Трансекција без струја може да доведе до крвавење кај васкуларното ткиво.
НЕ потопувајте го дисталниот врв во течност, вклучувајќи и физиолошки раствор, за да го
исчистите.
Не чистете го инструментот со абразивни средства.
Не активирајте го инструментот при чистење за да избегнете ненамерни повреди.
Осигурете се дека уредот е во правилната неартикулирана позиција пред да го вметнувате или
отстранувате уредот од трокарот со тоа што ќе потврдите дека стрелката како показател на
тркалцето за артикулирање е порамнета со врвот на инструментот.
Со отстранување на уредот од трокарот додека се артикулира може да резултира со ненамерно
отстранување на трокарот од местото на инцизија, губење на инсуфлација, или оштетување на
црната покривка на оската.
Доколку се оштети црната покривка на оската, прекинете со употребата.
Осигурете се дека вилицата и артикулирачкиот зглоб се целосно вметнати низ трокарот пред
артикулирањето на оската.
Зглобниот уред за спојување ткива ENSEAL
®
употребувајте сила за да го постигнете аголот на артикулација со притискање на оската врз
цврсто тело. Употребувајте го тркалцето за артикулација за да го постигнете посакуваниот агол
на артикулација.
Доколку силата примената врз тркалцето за артикулација се чини прекумерна, престанете да го
ротирате. Употребата на прекумерна сила може да го оштети уредот.
Не ја употребувајте горната вилица самостојно за да правите дисекција на ткиво.
За да ја намалите можноста од случајно активирање, не ставајте го прстот на копчето за
активација додека не бидат вилиците во саканата положба и да треба да се изврши активација.
Фрлете ги сите отворени инструменти, без оглед дали се користени или неискористени. Овој
уред е спакуван и стерилизиран само за една употреба.
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација може да ја
нарушат структурната целокупност на уредот и/или да доведат до дефект на уредот што пак
може да предизвика повреда на пациентот, болест или смрт.
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите за
една употреба може да создадат опасност од контаминација и/или да предизвикаат инфекција
или накрсна инфекција, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пренесување на заразни болести.
Контаминацијата може да доведе до повреда, болест или смрт.
®
и чекајте да се огласи звукот 3.
е само делумно
®
G2 не е уред со пасивна артикулација. Не
4

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Endo-Surgery ENSEAL G2

Table des Matières