Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 761

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
13.3.4.1 Надгледување на намотката на
моторот
13.3.4.2 Надгледување на пред-комора
(надворешна електрода)
13.3.4.3 Работа со фреквентен
конвертор
13.3.5
Пуштање во работа
Упатство за вградување и работа Wilo-EMU TR/TRE 50-2 ... 120-1
Прилог
− = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна изведба
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради прегревање на моторот!
Кога ограничувањето на температурата е погрешно поврзано, постои опасност
од експлозија поради прегревање на моторот! Ограничувањето на
температурата се поврзува со рачна блокада од повторно вклучување. Тоа
значи дека треба рачно да се притисне „копчето за блокада"!
Во зависност од изведбата на термичкото надгледување на моторот, при
достигнувањето на прагот треба да следува:
▪ Ограничување на температурата (1-температурно коло):
Треба да се исклучи со помош на блокада од повторно вклучувањеоткако ќе се
постигне прагот!
▪ Регулирање и ограничување на температура (2-температурни кола):
При постигнување на прагот за пониската температура може да дојде до
исклучување со помош на автоматското повторно вклучување. При постигнување
на прагот за висока температура мора да има исклучување со блокада од
повторно вклучување!
ВНИМАНИТЕЛНО! Оштетување на моторот поради прегревање! Во случај на
автоматско повторно вклучување, придржувајте се до податоците за макс.
зачестеност на вклучување и за пауза!
Приклучок за термичко надгледување на моторот
▪ Приклучете биметален сензор преку релеи за проценка. Овде се препорачува
реле „CM-MSS". Прагот е претходно одреден.
Вредности на единици: макс. 250 V(AC), 2,5 A, cos φ = 1
▪ Приклучете PTC-сензор преку релеи за проценка. Овде се препорачува реле „CM-
MSS". Прагот е претходно одреден.
▪ Приклучете надворешна електрода преку релеи за проценка дозволени за
експлозивни подрачја! Овде се препорачува реле „XR-4...".
Прагот изнесува 30 kOhm.
▪ Приклучокот мора да биде преку безбедно струјно коло!
▪ Тип на конвертор: Модулација на траењето на импулсот
▪ Континуирана работа: 30 Hz до номинална фреквенција (50 Hz или 60 Hz).
▪ Мин. фреквенција на прекинувач: 4 kHz
▪ Max. наднапон на стега: 1350 V
▪ Излезна струја на фреквентен конвертор: макс. 1,5-пати од номиналната струја
▪ Макс. време на оптоварување: 60 сек
▪ Примени на вртежен момент: квадратна карактеристика
Потребните карактеристики на број на вртежи/вртежен момент се достапни на
барање!
▪ Внимавајте на дополнителните мерки согласно прописите за EMV, односно
електромагнетна подносливост (избор на фреквентен конвертор, филтер, итн.).
▪ Никогаш не надминувајте ја номиналната струја и номиналниот број на вртежи на
моторот.
▪ Мора да е можно приклучување на сопствено надгледување на температурата
(биметален или PTC-сензор) на моторот.
▪ Кога температурната класификација е означена со T4/T3, важи температурната
класификација T3.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради употреба на погони за мешање без
одобрение за експлозивни подрачја!
Опасност по животот поради експлозија! Употребувајте само погони за
мешање со ознака за дозвола во подрачје во кое постои опасност од
експлозија на натписната плочка.
mk
761

Publicité

loading