Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 735

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
Fig. 10: Прицврстување средства за
подигнување на извлекувач на јаже
6.5
Електрично поврзување
6.5.1
Осигурувач од страна на
мрежата
Упатство за вградување и работа Wilo-EMU TR/TRE 50-2 ... 120-1
Инсталација и електрично поврзување
Мобилна опрема за подигнување: Инсталирање извлекувач на јаже
Ако користите мобилна опрема за подигнување, инсталирајте извлекувач на јаже
на коритото:
▪ Земете ги средствата за подигнување (на пр. сајла) од опремата за подигнување и
прицврстете ги на извлекувачот на јаже.
▪ Осигурајте го кабелот за поврзување на работ на коритото за да не падне.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога кабелот за поврзување оди преку работ на коритото,
внимавајте да не се искине. Острите рабови можат да го оштетат кабелот за
поврзување. Обработете ги рабовите на коритото!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилно приклучување!
• Електричниот приклучок на погонот за мешање секогаш се изведува
надвор од подрачјето со опасност од експлозија. Ако приклучувањето
мора да биде во рамките на подрачјето со опасност од експлозија, треба
да се изведе во куќиште одобрено за експлозивни подрачја (вид на
заштита согласно DIN EN 60079-0)! Ако не внимавате, постои опасност по
животот поради експлозија!
• Поврзете проводник за еднаков потенцијал на означениот терминал за
заземјување. Терминалот за заземјување треба да биде во подрачјето на
кабелот за поврзување. За проводникот за еднаков потенцијал треба да се
употреби кабел со пресек согласно локалните прописи.
• Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар.
• Внимавајте и на дополнителните информации во поглавјето за заштита од
експлозии во прилог на ова Упатство за вградување и работа во однос на
електричното поврзување!
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува на податоците од натписната
плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на мрежата е со вртежно поле во
насока на часовникот.
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно локалните прописи и да е
поврзан според шемата на жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните прописи.
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот производ. Внимавајте на
локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен прекинувач на моторот!
Според локалните прописи, минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за температурата,
mk
735

Publicité

loading