Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 728

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
mk
6.2
Обврската на раководителот
6.3
Начини на поставување
6.4
Инсталација
728
Инсталација и електрично поврзување
▪ Подигнување: Стручниот персонал треба да е обучен за работа со опрема за
подигнување. Треба да се внимава на регулативата BGV D8 или на локалните
регулативи.
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за спречување несреќни случаи и за
безбедност на трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на сите прописи за работа со тешки и висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање и дека
ја носи.
▪ Означете го работниот простор и исчистете го да нема предмети околу него.
▪ Држете ги неавторизираните лица подалеку од работното подрачје.
▪ Ако временските услови не дозволуваат безбедна работа (пр. формирање мраз,
силни ветришта), прекинете со работата.
▪ За да се овозможи безбедно и функционално прицврстување, градежниот објект/
фундаментот треба да има доволна цврстина. Раководителот е одговорен за
подготовка и употреба на градежниот објект/фундаментот!
▪ Проверете ја документацијата за општиот план (монтажни површини, како се
изведени работните простории, условите за довод на вода) за да видите дали се
условите целосни и соодветни.
▪ Стационарна монтажа на ѕид и на под
Начинот на поставување зависи од пречникот на пропелерот и од геометријата на
коритото.
▪ Флексибилна инсталација на уред за спуштање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот додека се прави инсталација!
Обезбедете го местото на инсталација додека ја вршите инсталацијата со тоа
што ќе го исчистите и дезинфицирате. Ако постои можност за контакт со
медиуми опасни по здравјето, внимавајте на следниве работи:
• Носете заштитна опрема:
⇒ затворени заштитни очила
⇒ Заштита за устата
⇒ Заштитни ракавици
• Веднаш бришете ги капките.
• Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност за повреди по рацете и стапалата и опасност од паѓање
поради недостаток од заштитна опрема!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Спрега за заштита од пад
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
WILO SE 2019-01

Publicité

loading