Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 745

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
9
Сервисирање
9.1
Лична квалификација
9.2
Обврската на раководителот
Упатство за вградување и работа Wilo-EMU TR/TRE 50-2 ... 120-1
Сервисирање
Погонот за мешање е демонтиран.
Отворениот крај на кабелот за поврзување е отпорен на вода.
Загадената вода за чистење треба да се испушти во канал за отпадна вода
согласно локалните прописи.
На располагање имате средства за дезинфекција доколку погонот за мешање
е контаминиран.
1. Прицврстете ги средствата за прикачување само на точката на подигнување.
2. Подигнете го погонот за мешање на околу 30 cm (10 in) над подот.
3. Испрскајте го погонот за мешање со чиста вода од горе кон надолу.
НАПОМЕНА! Употребете соодветно средство за дезинфекција доколку
погонот за мешање е контаминиран! Строго следете ги податоците за
правилата за работа!
4. Испрскајте го пропелерот од сите страни.
5. Испуштете ги нечистотиите во каналот.
6. Оставете да се исуши погонот за мешање.
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот.
• Деконтаминирајте го погонот за мешање по демонтажа и пред секоја
работа.
• Внимавајте на податоците за работните правила. Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните правила.
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
▪ Одржувањето секогаш треба да се прави на чисто место со добра осветленост и
проветреност. Поставете го погонот за мешање на цврста подлога и осигурете го
од паѓање/излизгување. НАПОМЕНА! Не поставувајте го погонот за мешање врз
пропелерот!
▪ Треба да се врши само одржување како што е опишано во овие упатства за
вградување и работа.
▪ Носете ја следната заштитна опрема додека вршите одржување:
– Заштитни очила
– Заштитни чевли
– Заштитни ракавици
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со работните материјали и
како да ги фрли во отпад. Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Соберете го работниот материјал во соодветен сад и фрлете го прописно.
▪ Прописно фрлете ја употребената заштитна облека.
▪ Користете само оригинални делови од производителот. Ако употребите други
неоригинални делови, производителот нема да преземе одговорност за
производот.
mk
745

Publicité

loading