Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 744

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
mk
8.4.1
Монтажа на ѕид или на под
8.4.2
Користење уред за спуштање
8.4.3
Чистење и дезинфицирање
744
Отстранување од употреба
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
Погонот за мешање е отстранет од употреба.
Работната просторија треба да биде испразнета, исчистена и ако е потребно
треба да се дезинфицира.
Погонот за мешање треба да биде темелно исчистен и ако е потребно
дезинфициран.
Работите треба да ги изведуваат две лица.
1. Исклучете го погонот за мешање од електричната мрежа.
2. Демонтирајте го и соберете го кабелот за поврзување.
3. Влезете во работната просторија. ОПАСНОСТ! Кога не може да се исчисти
или дезинфицира, носете заштитна опрема согласно работните правила
кога влегувате во работната просторија!
4. Демонтирајте го погонот за мешање ѕидот или подот на коритото.
5. Поставете го погонот за мешање на палета, осигурете го од излизгување и
извадете го од работната просторија.
▶ Завршете го демонтирањето. Темелно исчистете го и складирајте го погонот
за мешање.
Погонот за мешање е отстранет од употреба.
Употребете заштитна опрема согласно работните правила.
1. Исклучете го погонот за мешање од електричната мрежа.
2. Демонтирајте го и соберете го кабелот за поврзување.
3. Поставете ја опремата за подигнување во уредот за подигнување.
4. Полека подигнете го погонот за мешање и извадете го од коритото. Додека
го подигнувате, кабелот за поврзување треба да биде замотан.
ОПАСНОСТ! Погон за мешање и кабелот за поврзување излегуваат
директно од медиумот. Употребете заштитна опрема согласно работните
правила!
5. Поместете го погонот за мешање и поставете го на безбедна основа.
▶ Завршете го демонтирањето. Темелно исчистете го погонот за мешање и
местото каде што ќе го позицонирате, и ако е потребно дезинфицирајте го и
подгответе го за складирање.
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот! Деконтаминирајте го погонот за мешање пред да
продолжите да го користите! Носете ја следната заштитна опрема кога
чистите:
• Затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се осигури дека
персоналот се придржува и ги разбира работните правила!
WILO SE 2019-01

Publicité

loading