Télécharger Imprimer la page

Wilo -EMU TR 50-2 Serie Notice De Montage Et De Mise En Service page 726

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 426
mk
5.2
Транспорт
Fig. 2: Точка на подигнување
726
Транспорт и лежиште
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не е дозволено задржување под товар што виси!
Луѓето не смее да се задржуваат под товар што виси! Постои опасност од
(тешки) повреди поради делови што паѓаат. Не пренесувајте го товарот над
работниот простор кога во него има луѓе!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по главата и стапалата поради заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Заштитни чевли
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
НАПОМЕНА
Транспорт на погонот за мешање без точка на подигнување
Погоните за мешање немаат вградени рамки за монтажа на ѕид и на под, а со
тоа и точка на подигнување. Транспортирајте го погонот за мешање до местото
за инсталација со помош на палета. Позиционирајте го на местото за
инсталација со помош на едно или две други лица. Внимавајте на тежината на
погонот за мешање!
▪ За да не се оштети погонот за мешање при транспорт, амбалажата се отстранува
само на локацијата на нејзино поставување и примена.
▪ Употребените погони за мешање што треба да се испорачаат, треба да бидат
спакувани во отпорни и доволно големи пластични ќеси.
▪ Заштитете го отворениот крај на кабелот за поврзување за да не навлезе вода.
▪ Придржувајте се до важечките национални безбедносни прописи.
▪ Употребувајте само законски пропишана и дозволена опрема за подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на основа на условите на
располагање (времето, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Опремата за подигнување прицврстувајте ја само на точката предвидена за
подигнување. Можете да ја прицврстите со помош на стремен.
▪ Употребувајте опрема за подигнување со доволна носивост.
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на опремата за подигнување додека се
употребува.
▪ Кога се употребува опремата за подигнување, мора да биде присутно и второ
лице коешто ќе координира кога е потребно (пр. попречен поглед).
WILO SE 2019-01

Publicité

loading