Полнење Гориво; Чистење На Машината И На Моторот; Полнење На Резервоарот Со Масло За Синџирот - Stiga SP 386 Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour SP 386:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 257
1. Ставете во еден сад приближно
половина од количината бензин.
2. Додајте го целото масло.
3. Додајте го остатокот од бензинот.
4. Затворете го капакот и
измешајте енергично.
ВАЖНО Мешавината подлежи
на стареење. Не подготвувајте
големи количини на мешавина зa да
се избегне формирање талог.
ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени
и идентификувани контејнерите со
мешавината и со бензинот за да се избегне
замена во моментот на користење.
ВАЖНО Од време навреме чистете ги
контејнерите за бензин и за мешавина за
да се отстранат евентуалните талози.
7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Полнењето гориво се извршува
кога машината не работи и со
извадено капаче на свеќичката.
Пред полнење:
1. Протресете го енергично
резервоарот за мешавина.
2. Поставете ја машината на рамна
површина, во стабилна позиција
со капачето на резервоарот
за мешавината одгоре.
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот за мешавината (сл.
31.A) го има следниот симбол:
Резервоар за мешавина
3. Исчистете го капачето на резервоарот
во круг за да се избегне навлегување
нечистотии при полнењето.
4. Отворете го внимателно капачето на
резервоарот за мешавина за да се
испушти притисокот постепено.
5. Наполнете со инка и не ставајте од
мешавината до грлото на резервоарот.
ЗАБЕЛЕШКА Додека ја користите
машината, може да го проверувате
нивото на горивото во резервоарот преку
соодветното прозорче (сл. 31.B).
7.4
ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
СО МАСЛО ЗА СИНЏИРОТ
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот за маслото за синџирот
(сл. 31.С) го има следниот симбол:
ВАЖНО Користете исклучиво масло
наменето за моторни пили или масло со
адитиви за моторни пили. Не користете
масло што содржи нечистотии за да не
го запушите филтерот во резервоарот и
трајно да ја оштетите пумпата за масло.
Користење масло од врвен квалитет е
важен предуслов за одржување ефикасна
подмачканост на сите делови за сечење;
користење масло со лош квалитет го
спречува подмачкувањето и го намалува
времетраењето на синџирот и на лостот.
– Дополнете го докрај резервоарот
за масло (со инка) секојпат кога
дополнувате гориво: имајте предвид
дека капацитетот на резервоарот
за масло се пресметува согласно
потрошувачката на горивото. Така се
избегнува ризикот да ја вклучувате
машината без подмачкување.
7.5 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
На крајот на секоја работа,
исчистете ја машината детално од
прав и остатоци при работа.
• За да го намалите ризикот од пожар:
– одржувајте ја машината, а особено
моторот и зоната на придушувачот
без остатоци од сечењето, гранки,
листови и прекумерно масло,
– често чистете ги крилцата на
цилиндарот со компримиран
воздух (сл. 32).
• За да избегнете прегревање
и дефект на моторот:
– решетката за вшмукување воздух
за ладење (сл. 33) треба да биде
секогаш чиста и без остатоци
од сечењето или ѓубре.
• Одржувајте го одделот кај фрикцијата
без остатоци од сечењето или ѓубре (сл.
34) вадете го картерот на фрикцијата
MK - 16
Резервоар за масло
за синџирот

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Sp 426Sp 466Sp 526

Table des Matières