Stiga SP 386 Manuel D'utilisation page 376

Masquer les pouces Voir aussi pour SP 386:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 257
1. Поставете се од обратната страна во
однос на гранката што ќе ја сечете.
2. Почнете со гранките што се најниско,
продолжувајќи кон највисоките гранки.
3. Сечете одгоре надолу за да избегнете
заглавување на лостот (сл. 20).
6.4.2.b Сечење дрво
ВАЖНО Кога две или повеќе лица
истовремено изведуваат работи за сечење
и цепкање, таквите операции треба да се
изведуваат во засебни зони на растојание
на 2.5 пати од висината на исеченото
дрво. Не соборувајте го дрвото ако постои
ризик да загрозите други лица, да удрите
електричен вод или да предизвикате друга
материјална штета. Во случај кога дрвото
ќе допре на далновод, се препорачува
веднаш да се повика компанијата што е
надлежна за дистрибуција на ел. енергија.
Пред да сечете:
– потребно е да се земе во предвид
природното закосување на дрвото,
од страната на кој гранките се
многу големи, како и правецот на
ветрот, така што ќе се процени
начинот на кој ќе паѓа дрвото,
– исчистете го дрвото од нечистотии,
парчиња кора, клинци и
метални парчиња и жици,
– исчистете ја областа околу дрвото и
обезбедете добра потпора за нозете,
– подгответе соодветни патеки за
повлекување без пречки. Патеките за
повлекување треба да се подготвени
за околу 45° во спротивниот правец
од паѓањето на дрвото (сл. 21) и
треба да дозволуваат оддалечување
на операторот во безбедна зона
подалеку за 2,5 пати од висината на
дрвото што треба да се собори,
– Стојте нагорно од теренот каде
веројатно ќе се изврти или падне
дрвото по соборувањето.
• Сечење во основа
1. Следете ги знаците за насока на
моторната пила (сл. 22.А), работете
обратно од целта на теренот каде
треба да се собори дрвото (сл. 22.B).
2. Поставете се оддесно на дрвото
и зад моторната пила.
3. Извршете го сечењето до 1/3 од
дијаметарот на дрвото, вертикално
во правецот на паѓањето (сл. 23.A).
• Задно сечење за соборување
4. Спроведете задно сечење за соборување
на горно ниво на приближно 5 см од
хоризонталното засекување (сл. 23.B).
5. Извршете го задното сечење за
соборување на начин да се ослободи
доволно дрвна маса за навалување
(сл. 23.C). Дрвната маса за навалување
спречува движење со триење на дрвото
и негово паѓање во погрешен правец.
Не сечете наспроти навалувањето.
6. Без да го извадите лостот, постепено
намалувајте ја постепено навлезеноста
на дрвната маса додека не падне дрвото.
7. Ако постои каков било ризик дрвото
да падне во несакан правец или ако
изгуби рамнотежа наназад и го превитка
назабениот синџир, престанете со сечење
пред завршување на задното сечење
за соборување и употребете дрвени,
пластични или алуминиумски клинови
за да го отворите засекувањето и за
да падне дрвото долж саканата линија
за паѓање (сл. 23.D) за да го отворите
засекот. Оставете дрвото да падне
долж саканата линија за соборување
удирајќи со чекан врз клинот.
8. Кога дрвото ќе почне да паѓа, треба да
ја извлечете машината, да ја застанете
(пасус 6.6), да ја ставите на земја и потоа
да се оддалечите преку предвидениот
пат за излез. Треба да внимавате на
паѓањето на гранките од висина и
да внимавате каде стапнувате.
6.4.2.c Кастрење на гранките на дрвото
Кастрење значи сечење на
гранките од паднатото дрво.
Обрнете внимание за точките на
потпора за гранките на теренот, ако
е можно да има отпор во правецот
што може гранката да го заземе при
сечењето и за можната нестабилност
на дрвото по сечење на гранките.
Кога се кастри, треба да се остават
задните поголемите гранки, за да го
подржуваат стеблото на почвата.
Исечете ги малите гранки со
еден потег (сл. 24.A).
Најдобро е да се сечат гранките под
отпорот и да се започне од дното кон
нагоре за да се избегне превиткување
на пилата со синџирот (сл. 24.B).
6.4.2.d Сечење стебло
MK - 13

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Sp 426Sp 466Sp 526

Table des Matières