Употреба На Машината; Воведни Операции - Stiga SP 386 Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour SP 386:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 257
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
ВАЖНО Машината се доставува со
празен резервоар за мешавина и без
масло за подмачкување на синџирот.
6.1.1 Полнење гориво
Пред да ја користите машината, наполнете
гориво. За начините за подготвување на
мешавината и за безбедните начини за
дополнување на гориво (видете пасус. 7.3.
6.1.2 Дополнување масло и
подмачкување на синџирот
Пред да ја користите машината,
дополнете масло за подмачкување на
синџирот. За начинот и постапката при
дополнување масло, видете пасус 7.4.
6.1.3 Контрола на затегнатоста
на синџирот
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Носете секогаш заштитни
ракавици за работа.
Проверете ја затегнатоста на синџирот.
Затегнатоста е правилна кога, држејќи го
синџирот на средината на лостот, носачите на
преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 10).
За регулација на затегнатоста на синџирот:
1. разлабавете ги шрафовите на картерот
со помош на приложениот клуч,
2. вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 8.А) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот
3. држејќи го лостот подигнат, зашрафете
ги шрафовите на картерот докрај со
помош на приложениот клуч (сл. 9).
Не работете со олабавен синџир
за да не предизвикате опасни
состојби во случаи кога синџирот
може да излезе од запците.
ВАЖНО Во текот на првата употреба,
неопходна е честа проверка заради
проверка на лежиштето на синџирот.
6.1.4 Подготовка на машината за работа
• Уред против смрзнување
Ако ја користите моторната пила на
температури пониски од + 5°C, треба да го
поставите уредот против смрзнување пред
да ја запалите машината за да избегнете
формирање на мраз во карбураторот што потоа
ќе ја намали моќноста на моторот, а со тоа ќе
дојде и до неправилна работа на машината.
Машината се доставува со отвор за
вентилација
цилиндарот за да овозможува проток на топол
воздух во моторот.
Во нормални услови, (температури повисоки
од +5° C), треба да ја користите машината на
нормален начин, т.е. како што е регулирана во
моментот на производството.
За да преминете од нормалниот режим во
режимот против замрзнување ( и обратно):
1. застанете ја машината (пасус 6.6):
2. извадете ги капакот на филтерот за
воздух и филтерот за воздух (пасус 8.2);
3.a
кај моделите SP 386, SP 426:
– отшрафете го капачето против
смрзнување од своето место оддесно
на капакот за цилиндарот (сл. 13.A);
– свртете го капачето против
смрзнување така што симболот
за снег ќе се наоѓа одоздола
така што отворот за вентилација
ќе биде отворен (сл. 13.B);
3.b
кај моделите SP 466, SP 526:
– извадете ги шрафовите што го
фиксираат капакот на цилиндарот
(сл. 14.A) (2 шрафа однатре и еден
однадвор на капакот) и извадете го
капакот на цилиндарот (сл. 14.B);
– отшрафете го капачето против
смрзнување од своето место (сл.
MK - 9
поставен
на
капакот
за

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Sp 426Sp 466Sp 526

Table des Matières