Longines L441 Mode D'emploi page 425

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 1
Важни забелешки
a) Можно е користење различни хронолошки функции (SIMPLE,
ADD и SPLIT) во текот на мерење на времето.
b) Без запирање на хронографот (притискање на СТОП), движењето
на стрелките на хронографот не е прекинато. Континуираното
работење на хронографот овозможува големо намалување на
самостојното движење.
Режим на работа при крај на векот на траење на
батеријата (EOL)
При ставање на батеријата, нејзиниот напон се мери со
микроконтролорот. Ако напонот е под нивото EOL, функциите на
хронографот се исклучени и движењето на малата секунда запира.
Кога напонот на батеријата се намалува и се појавува ризик од
губење на функциите, се активира режимот на работа EOL. Режимот
на работа EOL се активира кога напонот на батеријата е помал
од нивото EOL повеќе од еден час. Ако напонот на батеријата се
зголеми над нивото EOL повеќе од 15 минути, режимот на работа
EOL се исклучува. Ова може да настане особено кога часовникот е
привремено подложен на ниска температура.
Во овој режим:
Стрелката на малата секунда работи неправилно. Стрелката прави
4 движења со голема брзина и потоа е неподвижна 4 секунди.
Не е можно да го активирате хронографот (СТАРТ) околу еден час
откако ќе се активира режимот на работа EOL.
Ако во тој момент хронографот е активен, продолжува да работи
со ризик од губење на постапките.
Кварцен движечки механизам
Собната температура влијае врз прецизноста на кварцниот
движечки механизам, која изнесува помеѓу - 0,3 и + 0,5 секунди
на ден.
Ако Вашиот часовник е кварцен, електричната енергија доаѓа
од батеријата. По 12 до 18 месеци употреба (со исклучок на
часовници со литиумски батерии), напонот на батеријата може
Longines_MDE-L441.indb 427
ненадејно да се намали и часовникот сопира. Некои модели имаат
индикатор што покажува кога батеријата се испразнува (EOL).
Стрелката на секундите скока на секои четири секунди. Во овој
случај, се препорачува веднаш да ја замените батеријата бидејќи
кога таа е празна, може да предизвика оштетувања на механизмот
на вашиот часовник.
Собирање и рециклирање на кварцни часовници со
поминат работен век *
Овој симбол покажува дека производот не смее да се исфрла
заедно со домашен отпад. Мора да биде предаден во овластено
собиралиште на отпад. Со наведената постапка ќе придонесете за
заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне да се зачуваат природните извори.
* Се применува во земјите-членки на Европската унија и во
земјите со соодветно законодавство.
Замена на батеријата
Ви препорачуваме да контактирате со сервисен центар за LONGINES
или овластен дистрибутер на LONGINES. Тие имаат на располагање
потребни инструменти и уреди за професионално работење.
Празната батерија треба да се замени што е можно побрзо за да се
избегне ризикот од нејзино протекување кое што може да го оштети
механизмот на часовникот.
Вид на батерија
Батерија сребрен оксид - цинк.
427
КАЛИБАР L441
СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЧАСОВНИЦИ
СО КВАРЦЕН МЕХАНИЗАМ
01.04.15 14:45

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières