Longines L441 Mode D'emploi page 414

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 1
416
КАЛИБАР L441
МЕЃУНАРОДНА ГАРАНЦИЈА
Ние во "Лонгинес" сме пресреќни што избравте модел од нашата
престижна колекција. Малото техничко чудо што сега го имате верно
ќе ве служи многу години. За неговото производство се користени
најнапредни техники и тој беше подложен на строги контроли пред
да биде пуштен во продажба.
Фирмата Longines Watch Co. Francillon Ltd* дава гаранција за Вашиот
часовник LONGINES
®
во траење од дваесет и четири (24) месеци од датата
на купувањето, согласно роковите и условите од овој гарантен лист.
Меѓународната гаранција за LONGINES опфаќа недостатоци во мате-
ријалот и изработката кои постоеле во моментот на испораката на
купениот LONGINES часовник ("недостатоци"). Гаранцијата е валидна
само доколку гарантниот лист содржи дата, ако е целосно и уредно
пополнет и заверен од страна на овластениот дистрибутер на LONGINES
("валиден гарантен лист").
За време на гарантниот период и врз основа на доставен валиден
гарантен лист, имате право на бесплатна поправка на било каков
недостаток. Доколку поправката е недоволна за да се доведе Вашиот
часовник LONGINES во нормална состојба за користење, Longines Watch
Co. Francillon Ltd гарантира истиот да го замени со часовник LONGINES
со идентични или слични карактеристики. Гаранцијата за заменетиот
часовник важи дваесет и четири (24) месеци по датата на купување
на заменетиот часовник.
Оваа гаранција од произведителот не опфаќа:
векот на траење на батеријата;
нормалното амортизирање и стареење (на пр. изгребан кристал;
промена на бојата и/или материјалот којшто е од неметални ремени
и ланци, како што се кожа, ткаенина, гума; излупена облога);
оштетување на било кој дел од часовникот, што произлегува од
ненормално/злонамерно користење негрижа, запоставување,
незгоди (удар, нагмечување, кршење, скршен кристал итн.),
несоодветното користење на часовникот и непридржување
на упатствата за користење доставени од Longines Watch Co.
Francillon Ltd;
Longines_MDE-L441.indb 416
индиректни или последични оштетувања од било каков вид,
кои произлегуваат од, на пр.користењето, нефункционирањето,
недостатоците или неточноста на часовникот LONGINES;
доколку со часовникот LONGINES ракувале неовластени лица (на пр.
при замена на батеријата, сервисирање или поправки) или доколку
истиот бил подложен на измена на неговата првобитна состојба,
што не било под контрола на Longines Watch Co. Francillon Ltd.
Изрично се исклучува какво било друго побарување спрема Longines
Watch Co. Francillon Ltd, на пример за оштетувања додатни на горе-
наведената гаранција, освен задолжителните законски права што
купувачот може да ги има во однос на произведителот.
Горенаведената гаранција од производителот:
е независна од било која гаранција што продавачот може да ја
понуди, за која тој поднесува единствена одговорност;
не ги попречува правата на купувачот во однос на продавачот, било
кои други задолжителни законски права што купувачот може да
ги има во однос на продавачот.
Сервисот за корисници на Longines Watch Co. Francillon Ltd обезбедува
перфектно одржување на Вашиот часовник LONGINES. Доколку врз
Вашиот часовник треба да се интервенира, обратете се до официјал-
ниот дистрибутер на LONGINES или овластениот сервисен центар на
LONGINES како што е наведено во приложениот лист: тие гарантираат
сервисирање согласно стандардите на Longines Watch Co. Francillon Ltd.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Со цел да се одговори на локалните барања, изработена е посебна
гаранција за овој производ за Австралија/Нов Зеланд. Затоа, меѓу-
народната гаранција вклучена во овој производ не се однесува на
клиентите во Австралија и Нов Зеланд. За да добиете копија од
важечката гаранција за овој производ за Австралија/Нов Зеланд,
потребно е да се обратите до службата за корисници на Swatch Group:
customer.service@swatchgroup.com.au или +61 3 8844 3300.
* Longines Watch Co. Francillon Ltd, CH-2610 Saint-Imier, Швајцарија.
LONGINES
®
е регистриран жиг.
01.04.15 14:45

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières