Longines L441 Mode D'emploi page 415

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 1
КОНТРОЛА / СЕРВИСИРАЊЕ
На колку време треба да се врши сервисирање?
Ви препорачуваме да ја проверуватe водоотпорноста на Вашиот часов-
ник секоја година (делумно сервисирање со проверка на механизмот).
На колку време треба да се врши сервисирање?
Како и кај сите прецизни инструменти, часовниците имаат потреба од
редовно сервисирање за да се гарантира нивното беспрекорно рабо-
тење. Невозможно е да се даде точната зачестеност на таа операција
бидејќи таа зависи во целост од моделот, од климата и од начинот на
грижење на сопственикот за својот часовник. Општо земено, секој
часовник треба да се сервисира на секои 4 или 5 години во зависност
од условите во коишто се користи.
Каде треба да се обратам за услужно одржување или
замена на батеријата?
Ви препорачуваме да стапите во контакт со одобрен сервисер или
дистрибутер на LONGINES. Единствено тие располагаат со потреб-
ниот материјал и апаратура за исполнување на овие операции и за
професионално извршување на потребните проверки. Покрај тоа,
единствено овие специјалисти можат да гарантираат дека нивната
работа е извршена според стриктните стандарди кои ги применува
и налага LONGINES.
Што треба да направам за да бидам сигурен дека мојот
LONGINES часовник совршено ќе работи долго години?
Магнетни полиња: не ставајте го Вашиот часовник врз звучници
или фрижидер зашто тие создаваат силни магнетни полиња коишто
можат да го оштетат.
Капење во море: исплакнете го секогаш Вашиот часовник со слатка
вода по капење во море.
Удари: сеедно дали се работи за обични удари или термички шокови,
избегнувајте ги внимателно.
Винт на зашрафување: секогаш зашрафувајте го внимателно
винтот за да избегнете навлегување на влага во механизмот.
Longines_MDE-L441.indb 417
Винт без зашрафување: секогаш туркајте го винтот до неутрална
положба за да избегнете навлегување на влага во механизмот.
Чистење: за металните ремчиња и непропустливите куќишта
користете четкичка за заби и вода со сапуница за чистење и мека
крпа за сушење.
Хемиски производи: избегнете директен допир со растворачи,
детергенти, парфеми, козметички средства итн. зашто тие можат да
го оштетат ремчето, куќиштето или гарнитурата.
Температура: избегнете го изложувањето на часовникот на
екстремна температура (повисока од 60 °C или 140 °F и пониска од
0 °C или 32 °F), како и на големи топлотни варијации.
Непропустливост на вода: апсолутна непропустливост на еден
часовник не може да се гарантира на неодреден рок. Таа може да се
изгуби заради стареењето на гарнитурата или евентуалните удари
врз винтот. Како што е тоа означено во нашето упатство за услуги, Ви
препорачуваме да ја проверите непропустливоста на Вашиот часовник
еднаш годишно кај одобрен сервисер на LONGINES.
Хронографски копчиња: не користете ги хронографските копчиња
под вода за да избегнете навлегување на водата во механизмот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ОТПОРНОСТА НА ВОДА
Ако Вашиот часовник е водоотпорен, неопходно е да се проверува
непропустливоста пред секоја сезона на капење, зашто поради удар
водоотпорноста може да се оштети без тоа да го забележите.
Ако поради каква и да е причина куќиштето мора да се отвори,
потребно е да се проверат и, ако е неопходно, да се заменат гарни-
турата на стаклото и на задната страна на куќиштето, како и винтот
(и/или копчињата).
417
КАЛИБАР L441
01.04.15 14:45

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières