Биохемиски прекривања
1. Со шишенце со пипета прекријте ги бунарчињата на ARG и URE со најмалку 3 капки минерално масло. (Овие
бунарчиња се подвлечени на панелот.)
2. Медиумите во бунарчињата мора целосно да бидат покриени со минерално масло, но маслото не треба да
излегува преку бунарчињата.
НАПОМЕНА: Инструментите WalkAway SI и WalkAway plus (и инструментите WalkAway надградени со функција
на автоматизирано прекривање со масло) автоматски додаваат масло во соодветните бунарчиња.
Инкубација
1. Панелите може да се инкубираат во системот WalkAway или да се инкубираат надвор од системот преку следниве
чекори:
A. За да се обезбеди рамномерна термална дистрибуција во текот на инкубацијата, наредете ги панелите во
групи од 3-5.
B. Ставете чист капак за сад над секоја група панели за да се спречи испарување. Капаците за садови може
повторно да се користат. Не деконтаминирајте ги капаците за садови со алкохол. Може да се чистат со
сапун и вода. Добро исплакнете ги и оставете ги да се исушат на воздух.
C. Инкубирајте ги панелите 16-20 часа на 35°C во не-CO
Читање на панелите
Панелите може да се читаат рачно со помош на уредот MicroScan Microdilution Viewer, а резултатите да бидат
забележани на инструментите MicroScan (системи autoSCAN-4 и WalkAway). За упатства за читање на панелите со
инструменти MicroScan видете LabPro Operator's Guide (Водич за операторот на LabPro).
1. По инкубација од 16-20 часа, извадете ги панелите од инкубаторот.
2. Избришете го дното на панелот со крпа што не остава влакненца за да отстраните каква било кондензација или
остатоци што може да бидат присутни.
3. Читајте ги панелите само ако контролното бунарче е бистро, а бунарчето за контрола на растот е заматено. Не
читајте ги антимикробните средства ако контролното бунарче е заматено или ако нема раст во бунарчето за
раст. Растот во бунарчињата се појавува како заматеност што може да биде во форма на бела магла низ целото
бунарче, на бело копче во центарот на бунарчето или на фин гранулиран раст низ бунарчето. Неадекватниот
раст е дефиниран како мала белина во бунарчето или бујонот е бистар.
4. Ако резултатите се читаат рачно, евидентирајте ги резултатите на соодветен работен лист.
5. Читање на чувствителностите на антимикробните средства (MIC)
A. Прочитајте ги сите антимикробни средства, CV, MS, NOV, OPT, NACL и BAC, на црна (индиректно осветлена)
позадина.
B. Спроведете β-лактамаза тест за стафилококи со пеницилин во минимална инхибиторна концентрација MIC
од ≤0,12 μg/mL.
C. Забележете ги резултатите MIC како што следува:
a.
По 16-20 часа инкубација забележете ја MIC како најниска антимикробна концентрација што покажува
инхибиција на растот.
b.
Кога ќе дојде до раст во сите концентрации на антимикробното средство, вредноста на MIC се
забележува како поголема од (>) највисоката концентрација.
c.
Кога нема да дојде до раст во ниедна концентрација на антимикробното средство, вредноста на MIC
се забележува како помала или еднаква на (≤) највисоката концентрација.
d.
Бистро бунарче во серија бунарчиња за раст, на пример, раст со 1, 2 и 8 μg/mL, но не и со 4 μg/mL, се
нарекува прескокнато бунарче и треба да се игнорира.
e.
Растот на поединечни места во изолираните бунарчиња укажува на контаминација. Тестот треба да
се повтори.
f.
За стафилококи со оксацилин секој раст треба да се смета за значаен.
D. За прецизно откривање на резистентност потребни се продолжени периоди на инкубација за следново:
Инкубација
24 часови
C29870–AD
1
Организам
Ентерококи
Стафилококи
инкубатор.
2
Антимикробни средства
Скрининг за синергија на
канамицин
Оксацилин
1
325 of 339