• Следете го болничкиот протокол за повторно воспоставување на
проток.
• Заменете ја пумпата или адаптерот ако вибрирањето или
чкрипењето продолжува.
9 Чување и чистење на адаптерот Affinity CP
Предупредување: Не стерилизирајте го адаптерот. Стерилизирањето
може да го оштети адаптерот.
Опомена: Да не се чува на екстремни температури и влажност.
Избегнувајте да го чувате адаптерот изложен на директна сончева
светлина.
Опомена: Не користете раствори на база на алкохол, други органски
растворувачи или пак концентрирани киселини и бази врз адаптерот.
Адаптерот може да се оштети од такви раствори.
Следете го болничкиот протокол за чистење или дезинфицирање на
адаптерот и земете ги предвид следните дејства:
• Користете само средства за дезинфицирање кои се одобрени од
болницата за чистење на адаптерот. Следните раствори се
прифатливи за чистење или дезинфицирање на адаптерот: вода,
Betadine™, хидроген пероксид и благ детергент. По чистење,
избришете го адаптерот со сунѓер или мека крпа и вода.
• Веднаш отстранете што и да има на адаптерот со сунѓер или мека
крпа и вода.
• Ако загаденоста не може да се отстрани со сунѓер или мека крпа и
вода, адаптерот може да стои потопен во вода до 10 минути. Не
потопувајте го адаптерот во други течности.
10 Сервис
Предупредување: Адаптерот не се сервисира. Не расклопувајте го
адаптерот затоа што тоа може да има негативни последици врз
работењето на адаптерот. Ако нешто било променето во адаптерот, не
користете го.
Македонски
248