Осигурајте се дека ви е достапна следната опрема:
• Резервна енергија
• Соодветна рачка и погонска единица од компатибилен систем
• Соодветен контролор од компатибилен систем
• Резервен адаптер Affinity CP
8 Водич за решавање проблеми
Во овој дел се покриени 2 ситуации кои би можеле да настанат кога се
користи адаптерот со центрифугална пумпа. Следете го клиничкиот
протокол посочен од болницата и имајте ги предвид следните предлози
за решавање на проблемот:
8.1 Недоволен проток
Ако пумпата не ротира или ако нема проток, обидете се со следните
предлози за решавање на проблемот:
• Проверете дали пумпата е соодветно поврзана со адаптерот.
Осигурајте се дали пумпата е безбедно поставена под потпорниот
раб и потпорната брава на адаптерот.
• Проверете дали адаптерот е соодветно поврзан со погонскиот
мотор.
• Намалете ја брзината на пумпата до нула и рестартирајте го
погонскиот мотор.
• Следете го болничкиот протокол за повторно воспоставување на
проток.
8.2 Невообичаени звуци
Ако пумпата или адаптерот вибрираат или чкрипат, обидете се со
следните предлози за решавање на проблемот:

247
Македонски