Télécharger Imprimer la page

Medtronic Affinity CP AP40AST Mode D'emploi page 242

Publicité

• Не користете го адаптерот на брзини поголеми од 3 600 вртежи во
минута. Адаптерот не е соодветен за работа на брзина поголема од
3 600 вртежи во минута.
• Не стерилизирајте го адаптерот. Стерилизирањето може да го
оштети адаптерот.
• Адаптерот Medtronic Affinity CP треба да се употребува само со
центрифугалните пумпи за крв Medtronic Affinity CP. Користете ја
центрифугалната пумпа за крв Medtronic Affinity CP според
упатствата за употреба кои се доставени со секој уред.
• Користете ги системите за центрифугални пумпи на Stöckert и Sorin и
центрифугалните системи Sarns и Terumo според упатствата за
употреба кои се доставени со секој уред.
• При употреба на центрифугалната пумпа за крв Affinity CP и
адаптерот Affinity CP со компатибилен систем кој го прикажува
влезниот притисок, користете измерена вредност за влезен
притисок, наместо пресметана вредност. Пресметаната вредност се
основа врз карактеристичните криви кои не се репрезентативни за
центрифугалната пумпа за крв Affinity CP и како резултат на тоа може
да се добијат неточни податоци.
• Уредот не се сервисира. Не расклопувајте го уредот затоа што тоа
може да има негативни последици врз работењето на уредот. Ако
нешто било променето во уредот, не користете го.
4 Мерки на претпазливост
• Уредот треба да го користат само клиничари кои биле темелно
обучени за екстракорпорални процедури за циркулација.
• Пред употреба, проверете дали адаптерот е физички оштетен. Не
користете го адаптерот ако изгледа оштетен. Вратете го оштетениот
производ кај претставник на Medtronic.
• Адаптерот содржи магнети. Чувајте го адаптерот подалеку од
метали, магнетни ленти и магнети.
• Внимавајте уредот да не се удира или паѓа. Уредот може да се оштети
од струен удар.
• Не ставајте ги или вадете адаптерот или пумпата додека погонскиот
мотор целосно не застане.
• За да го намалите ризикот од тоа адаптерот или пумпата да се
одвојат од погонскиот мотор или од кој било друг спој со цевките, не
удирајте ги адаптерот или компонентите на колото при употреба. Ако
дојде до одвојување, погледнете го Поглавје 8.
Македонски
242

Publicité

loading