Télécharger Imprimer la page

Medtronic Affinity CP AP40AST Mode D'emploi page 240

Publicité

1 Опис
Адаптерот Medtronic Affinity CP, модел AP40AST (Сл. 1) е наменет за
користење со цел да им се овозможи на центрифугалните пумпи за крв
Medtronic Affinity CP (модел AP40, модел BBAP40 и модел CBAP40) да
работат со системите за центрифугални пумпи на Stöckert™ и Sorin™,
или со центрифугалните системи на Sarns™ и Terumo™.
Компатибилни системи:
• Системите за центрифугални пумпи на Stöckert и Sorin со погонските
единици модел 60-01-04 и модел 60-01-00 и погонската единица за
итни случаи модел 60-01-35 и модел 60-01-50)
• Центрифугалните системи Sarns и Terumo (со погонската единица
модел 164267 и рачната погонска единица модел 164268)
Адаптерот користи магнетен спој за да го пренесе моментот на сила на
погонскиот мотор до центрифугалната пумпа за крв за една употреба.
Адаптерот се испорачува во нестерилизирана состојба.
За користење на адаптерот не се потребни измени на системите за
центрифугални пумпи на Stöckert и Sorin и на центрифугалните системи
Sarns и Terumo.
Адаптерот е дизајниран за повеќекратна употреба кај различни
пациенти. Адаптерот може да се употребува до крајниот датум за
употреба втиснат на етикетата на уредот.
За дополнителни информации во врска со работењето на
центрифугалните пумпи за крв Affinity CP, погледнете го упатството за
употреба кое се доставува со пумпите.
2 Намена
Адаптерот Affinity CP не влијае директно на телото. Тој овозможува
употреба на пумпата за крв Affinity CP на Medtronic со компатибилни
системи (видете Поглавје 1).
2.1 Индикации за употреба
Прочитајтe ги индикациите за употреба на центрифугалната пумпа за
крв Affinity CP .
Македонски
240

Publicité

loading