2. Отворете ја потпорната брава и притиснете ја пумпата на место
(Сл. 4). Отпуштете ја потпорната брава и прилагодете ја пумпата сè
додека потпорната брава не се заклучи.
Предупредување: Осигурајте се дали пумпата е соодветно
прикачена на адаптерот. Пумпата треба да биде безбедно
поставена под потпорниот раб и потпорната брава на адаптерот.
Проверете дали пумпата е безбедно прицврстена и е во близок
допир со приклучницата на адаптерот. Несоодветното
прикачување може негативно да влијае врз работата на пумпата.
3. За да ја ротирате пумпата до посакуваната позиција, притиснете ја
потпорната брава, завртете ја пумпата и отпуштете ја потпорната
брава. Прилагодете ја пумпата сè додека потпорната брава не се
заклучи на место.
Опомена: Подгответе ја пумпата пред да започнете со циркулација
според насоките во упатствата за употреба на пумпата. Работете со
пумпата, поврзана за погонскиот мотор преку адаптерот, на
максималниот број вртежи во минута за да проверите дали има
вибрации, невообичаени звуци, недоволен проток и други
аномалии. Ако забележите некаква аномалија, видете го
Поглавје 8.
4. Продолжете со екстракорпорална циркулација. Погледнете ги
упатствата за употреба кои се доставени со секој уред.
Предупредување: Секогаш имајте резервен адаптер Affinity CP и
достапна резервна опрема со соодветниот протокол за замена. Ако
адаптерот треба да се замени при циркулаторна поддршка, треба
да се процени потенцијалниот ризик за пациентот пред да се
промени адаптерот.
Предупредување: Центрифугалната пумпа за крв Affinity CP и
адаптерот Affinity CP не се компатибилни за работа во пулсирачки
режим. Работењето со адаптерот во пулсирачки режим може да
резултира со повреда или смрт на пациентот.
Предупредување: Не користете го адаптерот на брзини поголеми
од 3 600 вртежи во минута. Адаптерот не е соодветен за работа на
брзина поголема од 3 600 вртежи во минута и може да резултира со
повреда или смрт на пациентот.
7 Резервна опрема за итни случаи
Опомена: Проверете го крајниот датум за употреба на адаптерот на
етикетата на уредот.
Македонски
246