Начини На Поставување; Обврската На Раководителот; Инсталација - Wilo Rexa CUT GI Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Rexa CUT GI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 169
mk
▪ Монтажа/демонтажа: Стручното лице мора да е
обучено во поглед на работата со потребните алати и
материјали за прицврстување за дадената површина.
6.2
Начини на поставување
▪ Вертикално стационарно водено поставување со
уред за прикачување
▪ Вертикално преносливо водено поставување со
ногалка на пумпа
Следните начини на поставување не се дозволени:
▪ Поставување на суво
▪ Хоризонтално поставување
6.3
Обврската на раководителот
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за
спречување несреќни случаи и за безбедност на
трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на сите прописи за работа со тешки и
висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна
опрема на располагање и дека ја носи.
▪ Треба да се внимава на локалните прописи за
технологија на отпадна вода кога работи со такви
постројки.
▪ Не дозволувајте зголемување на притисокот!
Зголемувања на притисокот може да се случат кај
долгите притисочни линии со изразит профил на
релјеф. Таквите зголемувања на притисокот може да
предизвикаат расипување на пумпата!
▪ Утврдете го времето на ладење на моторот, коешто
зависи од работните услови и големината на
шахтата.
▪ За да се овозможи безбедно и функционално
прицврстување, градежниот објект/фундаментот
треба да има доволна цврстина. Раководителот е
одговорен за подготовка и употреба на градежниот
објект/фундаментот!
▪ Проверете ја документацијата за општиот план
(монтажни површини, како се изведени работните
простории, условите за довод на вода) дали се
условите целосни и соодветни.
576
Инсталација и електрично поврзување
6.4
Инсталација
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и
работењето каде што има опасност од паѓање се
смета за опасна работа. Не смеете сами да
работите во такви услови! Треба да биде присутно
второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете и стапалата поради
заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се
работи. Носете ја следната заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од
исекотини
• Заштитни чевли
• Доколку дојде до потреба од опрема за
подигнување товар, мора да се носи и
заштитен шлем!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна
опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема
за подигнување и спуштање на пумпата. Осигурете
се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте
ја максимално дозволената носивост на опремата
за подигнување! Проверете ја опремата за
подигнување дали функционира беспрекорно!
НАПОМЕНА
Замена на моторот за време на работата
Ако моторот е непотопен додека работа,
придржувајте се до податоците за „Работен
режим непотопено"! Со цел да се загарантира
потребното ладење на моторот за време на
континуирана работа, целосно потопете го
моторот пред повторно да го вклучите!
▪ Работната просторија/местото на поставување треба
да биде:
– Чисто и да нема големи предмети
– Суво
– Без мраз
– Деконтаминирано
WILO SE 2019-02

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières