За Време На Работата; Отстранување Од Употреба; Лична Квалификација; Обврската На Раководителот - Wilo Rexa CUT GI Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Rexa CUT GI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 169
mk
Пумпи со слободен крај на кабелот
Пумпите мора да се вклучуваат и исклучуваат преку
одделна контролна единица обезбедена од
корисникот (прекинувач за вкл./искл, приклучна
табла).
Пумпа со вграден утикач
▪ Монофазна изведба: По приклучувањето на утикачот
во дозната, пумпата се вклучува.
7.6
За време на работата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исекување на рацете поради ротирачки
делови!
Работниот простор на пумпата не е предвиден
како простор каде што ќе минуваат сите! Постои
опасност од (тешки) повреди поради ротирачки
делови! Не смее никој премногу да се задржува во
работниот простор кога се вклучува и додека
работи пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки
површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време
на работата. Може да се изгорите. По исклучување
треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Проблеми со пумпање поради прениско
ниво на водата
Кога транспортираниот медиум тоне предлабоко,
може да дојде до прекинување на протокот на
медиумот. Понатаму може да се појават меурчиња
во хидрауликата, коишто може да предизвикаат
неправилна работа. Минималното ниво на водата
мора да биде до горниот раб на хидрауличното
куќиште!
За време на работата на пумпата, внимавајте на
локалните прописи за:
▪ Безбедност на местото на работа
▪ Спречување несреќни случаи
▪ Ракување со електрични машини
Строго придржувајте се до работниот распоред на
раководителот. Целокупниот персонал е одговорен
за придржување до работниот распоред и
прописите!
584
Отстранување од употреба
Центрифугалните пумпи имаат вртечки делови
зависни од конструкцијата, коишто се лесно
пристапни. Зависно од работата, овие делови може
да имаат остри рабови. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Може да
дојде до повреди од исекување и отсекување на
цели екстремитети! Проверувајте ги следните
работи во редовни интервали:
▪ Работниот напон (+/-10 % од измерениот напон)
▪ Фреквенцијата (+/-2 % од измерената фреквенција)
▪ Потрошувачката на струја на поединечните фази
(макс. 5 %)
▪ Разликата во напонот меѓу поединечните фази (макс.
1 %)
▪ Макс. зачестеност на вклучување
▪ Минималното покривање со вода во зависност од
работниот режим
▪ Прилив: да не влегува воздух.
▪ Управување со нивото/заштита од работа на суво:
Точки на прекинувач
▪ Тивка работа/работа со малку вибрации
▪ Сите засуни се отворени
8
Отстранување од употреба
8.1
Лична квалификација
▪ Ракување/управување: Работниот персонал мора да
биде упатен околу функционирањето на целата
постројка.
▪ Работа со електриката: На електриката мора да
работи само стручен електричар.
▪ Монтажа/демонтажа: Стручното лице мора да е
обучено во поглед на работата со потребните алати и
материјали за прицврстување за дадената површина.
8.2
Обврската на раководителот
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за
спречување несреќни случаи и за безбедност на
трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на прописите за работа со тешки и
висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна
опрема на располагање којашто треба да ја носи
персоналот.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во
затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни
гасови или гасови што може да предизвикаат
загушување!
WILO SE 2019-02

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières