Електрично Поврзување - Wilo Rexa CUT GI Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Rexa CUT GI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 169
mk
3. Поставете ја пумпата на цврста основа.
ВНИМАНИТЕЛНО! Мора да се избегне тонење на
пумпата!
4. Поставете го притисочното црево и прицврстете го на
место (пр. за одвод). ОПАСНОСТ! Доколку се
прекине протокот или се откачи притисочното
црево, може да се предизвикаат (тешки) повреди!
Прицврстете го притисочното црево со испустот.
5. Водот за снабдување со струја треба да биде
професионално поставен. ВНИМАНИТЕЛНО! Не
оштетувајте го водот за снабдување со струја!
▶ Кога ќе ја поставите пумпата, електричарот може да
ја поврзе за струја.
6.4.5
Управување со нивото
Актуелното ниво се одредува со помош на
управување со нивото и пумпата автоматски се
вклучува и исклучува во зависност од нивото. Нивото
се добива преку различни видови сензори (пливачки
прекинувач, притисочни или ултразвучни мерења
или електроди). Треба да внимавате на следново
кога употребувате управување со нивото:
▪ Пливачкиот прекинувач може да се движи слободно!
▪ Не смее да се спушта под минималното ниво на
водата!
▪ Не смее да се пречекорува максималното ниво на
зачестеност на вклучување!
▪ Кога нивоата варираат многу, се препорачува
управување со нивото со две мерни точки. Така може
да се појават големи диференцијални растојанија.
6.4.6
Заштита од работа на суво
Заштитата од работа на суво мора да спречи пумпата
да работи без медиум и да не навлезе воздух во
хидрауликата. Затоа мора да се одреди минилано
дозволеното ниво со помош на сигнализатор. Штом
се достигнате претходно дадената гранична
вредност, пумпата мора да се исклучи по
соодветното известување. Заштитата од работа на
суво може да ги продолжи постоечките управувања
со нивото за дополнителна мерна точка или да
работи како единствниот уред за исклучување. Во
зависност од безбедноста на постројката,
повторното вклучување на пумпата може да биде
автоматски или рачно. За оптимална работна
сигурност, се препорачува инсталација на заштита од
работа на суво.
580
Инсталација и електрично поврзување
6.5
Електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува
на податоците од натписната плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на
мрежата е со вртежно поле во насока на часовникот.
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно
локалните прописи и да е поврзан според шемата на
жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете
дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните
прописи.
6.5.1
Осигурувач од страна на мрежата
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на
заштитната склопка на вод, се одредува според
номиналната струја на поврзаниот производ.
Внимавајте на локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен
прекинувач на моторот! Според локалните прописи,
минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за
температурата, диференцијален активатор и блокада
од повторно вклучување. Во случаи на чувствителна
електрична мрежа, предвидено е корисникот да
обезбеди дополнителна заштитна опрема (на пр.
реле за наднапон, поднапон или откажување на фаза
итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба
за електродистрибуција! Употребата на заштитен
прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за
резидуална струја (RCD) во случаи кога е можно
лицата да дојдат во контакт со производот и со
протокот на течности.
6.5.2
Одржување
Пред инсталацијата треба да го направите следното:
WILO SE 2019-02

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières