амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.1.2 Поставување на цевката
за раздувувачот и на
рачката со команди
1. Вметнете ја флексибилната цевка (сл.
3.B) во цевката за излез на воздухот
(сл. 3.A) и фиксирајте ја спојницата
со клешти да се закачи цврсто.
2. Вметнете ја цевката (сл. 3.C) во
флексибилната туба (сл. 3.B) внимавајќи
работ (сл. 3.G) да биде свртен надолу.
Фиксирајте ја спојницата со клешти
за да ги закачите цевките цврсто.
3. Вметнете ја потпората за рачката со
командите (сл. 3.H) на цевката (сл.
3.C), порамнувајќи ја со истакнатиот
дел (сл. 3.G). Поставете го прстенот
(сл. 3.I) на истакнатиот дел (сл. 3.J).
4. Фиксирајте ја рачката со команди (сл.
3.K) и затегнете ги шрафовите (сл. 3.L).
5. Поминете го кабелот низ
отворите за него (сл. 3.M).
6. Порамнете го отворот на цевката (сл. 3.D)
со делот (сл. 3.N) на цевката (сл. 3.C).
Притиснете ја цевката (сл. 3.C) и свртете
ја за 90° во правецот на стрелките на
часовникот iза да се закачи цврсто.
7. Следете ја постапката опишана во
двете точки погоре за да ја поставите
цевката (сл. 3.E) на крајниот дел од
цевката на раздувувачот (сл. 3.F).
4.1.3 Вадење на цевките за
раздувувачот
ВАЖНО Застанете ја машината
(пасус 6.5) секојпат кога ќе ја извадите
цевката од раздувувачот.
Врз основа на типот на цевката:
– Ако цевката е фиксирана со истакнатиот
дел за спојувањето, вртејќи ја обратно
од стрелките на часовникот.
– Ако цевката е фиксирана со
спојница, извадете ја спојницата со
клешти и раздвојте ги цевките.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 КОМАНДА НА РАЧКАТА
ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ
Рачката за команда на забрзувачот
(сл. 4.А) овозможува регулација на
брзината на вртењето на роторот.
Брзината на вртење на роторот треба
да се прилагоди на видот на работата
(поглавје 6.4.1) и може да се регулира
со нанесување помалку или повеќе
притисок врз командата на забрзувачот.
Максималната брзина се постигнува со
командата за забрзување во долен правец.
5.2 РАЧКА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ
НА ЗАБРЗУВАЧОТ И
ЗАСТАНУВАЊЕ НА МОТОРОТ
Рачката (сл. 4.Б) има двојна функција:
1. Овозможува застанување и
палење на моторот (сл.
Моторот застанува (сл. 4.C).
Ако рачката е поставена во други
положби, моторот може да се
запали и да се стави во функција.
2. За да ја регулирате брзината на вртење
на роторот, одржувајте го забрзувачот
блокиран во саканата позиција. Брзината
на вртење на роторот може да се регулира
ако ја вртите рачката надолу и нагоре.
Максималната брзина се постигнува
кога рачката е свртена докрај надолу.
MK - 7