Télécharger Imprimer la page

ST BP 375 Manuel D'utilisation page 245

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 170
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата,
горивото, акумулаторот, филтрите, делови
во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и
однесат во соодветни собирни центри
кои рециклираат материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно раздувувач што
се носи на рамо и се напојува со
мотор со внатрешно согорување.
Генерално, машината се состои од
двотактен мотор со внатрешно согорување
којшто работи на вртежи за да произведе
проток на воздух со голема моќност.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
• преместување и натрупување со
помош на раздувувачот, на листови,
трева, остатоци од косење со различна
тежина и средни големини.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
• вшмукување или собирање на запаливи
производи или кои претставуваат ризик
од експлозија, врел јаглен или материјали
што горат без пламен, изгасени цигари,
стаклени парчиња, остри делови, метални
предмети, камења и сè друго што може да
претставува опасност за безбедноста на
управувачот со машината и на останатите,
• насочување на воздухот кон
лица и/или животни,
• вметнување предмети во
решетката за вшмукување,
• употреба на машината без правилно
поставена дополнителна опрема
како што налага производителот
за разните начини на употреба или
несоодветна употреба на машината,
• употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за „домашна употреба".
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има разни симболи (сл.
2). Нивната задача е да го потсетуваат
операторот на постапките што треба да
ги следи внимателно и со задолжителни
мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа
машина може да биде опасна
за вас или за другите доколку
не се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред да ја
користите оваа машина,
прочитајте го упатството
за употреба.
Користете заштита за
ушите и очите.
MK - 5

Publicité

loading