Да не се изложува на
дожд (или на влага).
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА!
Внимавајте на можни
исфрлувања на материјали
коишто ги предизвикува
протокот на воздухот коишто
може да предизвикаат тешки
повреди на лица и предмети.
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА!
Оддалечете ги сите лица или
50' 15 m
домашни животни најмалку 15
метри додека работи машината!
Опасност од осакатување!
Секогаш држете ги рацете
подалеку од решетката за влез
на воздухот. Роторот може да
предизвика несреќни повреди.
Опасност од опасни повреди!
Држете ја облеката со
лелеави делови подалеку од
решетката за влез на воздухот
бидејќи може да се закачи
за роторот и да предизвика
тешки и несреќни повреди.
Опасност од опасни повреди!
Држете ја косата подалеку од
решетката за влез на воздухот
бидејќи може да се закачи
за роторот и да предизвика
тешки и несреќни повреди.
Соодветно приберете ја
косата доколку е долга.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат.
Побарајте нови етикети од соодветен
центар или од овластениот сервисер.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
НА ПРОИЗВОДОТ
Етикетата за идентификација на производот
ги содржи следните податоци (сл. 1 ):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност со CE
3. Година на производство
4. Тип на машина
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат
кога контактирате со овластен центар.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (сл.1):
A. Мотор: овозможува движење на роторот.
B. Цевка на раздувувачот:
елемент предвиден за излез
на протокот на воздух.
C. Рачка со команда: овозможува
вклучување на командите за
машината и за насочување на
цевката на раздувувачот.
D. Резервоар за гориво: сад за
гориво што го напојува моторот.
E. Плоча за потпора: е плоча врз која е
поставена машината. Има рачка што
го олеснува транспортот и на неа се
прикачуваат ремените за носење на рамо.
Опремена е со систем за намалување
на вибрациите коишто се елиминираат
во поголем дел во текто на работата.
F.
Ременици: опрема што се состои
од платнени ремени што минуваат
под рамениците. Помага да се
издржи тежината на машината
во текот на работата.
G. Клучеви за затегнување: алат којшто
се користи за вртење на шрафовите,
навртките за да ги затегне или разлабави.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по вадење на амбалажата
следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
MK - 6