Télécharger Imprimer la page

EBARA EVMS 1 Manuel D'utilisation Et D'entretien page 275

Publicité

Прекинете ја работата во случај на откажување на пумпата.
Вклучување на пумпата во неисправна состојба може да
предизвика физичка повреда или материјална штета.
Не допирајте ја пумпата кога третираната течност е топла вода.
Високите температури може да предизвикаат изгореници.
Не го допирајте моторот. Површините на моторот ќе бидат
многу жешки и може да предизвикаат изгореници при контакт.
Додека работи пумпата, не допирајте ги ротирачките
делови како осовината, спојките на вратилото, чекреците
во V-облик, итн. Бидејќи овие делови ротираат со голема
брзина, контактот може да предизвика повреда.
Не допирајте ги деловите под напон кога е вклучена опремата.
Постои ризик од струен удар.
Пумпите на кои им недостасува индикација за заштита
од мраз не смее да се оставаат на отворено во услови
на замрзнување.
4.2 ЗНАЧИТЕЛНА ЗАШТИТА И ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Сите производи се дизајнирани на таков начин што подвижните
делови се направени безопасни со употреба на обвивки.
Затоа, производителот ја отфрла целата одговорност во
случај на штета предизвикана како резултат на измени
на овие уреди.
Секој проводник или дел во напон е електрично изолиран од
земјата; сепак, постои дополнителна безбедност составена од
поврзувањето на проводните делови достапни за заземјувачот
за да се осигура дека пристапните делови не можат да
станат опасни во случај на дефект на главната изолација.
4.3 ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Преостанатите ризици се:
а) Можност за контакт (дури ако не е случајно) со вентилаторот за ладење
на моторот преку преминување на дупките на капакот на вентилаторот со
тенки предмети (на пр. шрафцигери, стапчиња и слично).
б) Во еднофазните пумпи е можно повторно вклучување без предупредување
заради автоматско ресетирање на заштитникот на моторот, во овој случај
се работи за интервенција поради прегревање на моторот.
5. РАКУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
5.1 РАКУВАЊЕ
Почитувајте ги важечките прописи за спречување несреќи.
Можен ризик од згмечување. Производот може да биде
тежок, користете соодветни методи за подигање и
соодветна облека.
За да ја поместите електричната пумпа потребно е:
а) прекинете го напојувањето;
б) извадете ги цевките за одвод и довод (каде што се присутни) ако се
премногу долги или обемни;
в) одвртете ги завртките, доколку ги има, кои ја блокираат електричната пумпа
на потпорната површина;
г) подигнете ја електричната пумпа со соодветна опрема во согласност со
нејзината тежина и димензии.
Производот е спакуван хоризонтално:
- или во картонска кутија, опремена со странични рачки кога е потребно. Ако е
потребно заради тежината и димензиите, пакувањето е зајакнато со дрвена палета,
- или во дрвена кутија за некои модели.
Поместување на електричната пумпа - За да ја поместувате електричната
пумпа од хоризонталната положба во која е спакувана, доволно е безбедно
да го прицврсти соодветен ремен околу основата на моторот, да подигате
полека со соодветна опрема и да обезбедите правилна рамнотежа на тежината
за време на ракувањето.
ВНИМАНИЕ!
Проверете дали производот е правилно фиксиран на
моторот и не може да се преврти или падне.
Ракувајте со пумпата на ист начин како и со електричната пумпа со единствена
разлика што ременот се поставува на потпората на моторот.
5.2 СКЛАДИРАЊЕ
Набавувачот треба да ги провери производите за дефекти и количини при
испораката. Секоја штета откриена при испораката мора да се пријави кај
превозникот/испраќачот и да се евидентира на испратницата.
а) Производот мора да се чува на покриено и суво место, далеку од извори
на топлина и далеку од нечистотија и вибрации.
б) Заштитете го производот од влажност, извори на топлина и механички
оштетувања
в) Не ставајте тешки предмети на пакувањето.
г) Производот мора да се чува на собна температура помеѓу +5°C и +40°C
(41°F и 104°F) со релативна влажност од 60%.
6. ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОНСТРУКЦИЈАТА
6.1 ОПИС
Производот што го купивте е вертикална повеќестепена пумпа која не се подготвува
самостојно, а може да се комбинира со стандардни електрични мотори. Кратенката
EVMS означува широк спектар на вертикални повеќестепени пумпи со линиски
приклучоци, со десет големини на номинални протоци (EVMS 1, 3, 5, 10, 15, 20,
32, 45, 64 и 90 m3/h) и различни број на степени, со цел да се задоволат различните
побарувања на притисок. Производот се испорачува како електрична пумпа (пумпа
и мотор) или само како пумпа. За кодот за идентификација на производот,
видете го техничкиот прилог.
Ако е пумпата е купена без мотор, проверете дали моторот е погоден
за спојување со пумпата.
6.2 НАМЕНСКА УПОТРЕБА
Пумпата е погодна за:
- цивилни и индустриски системи за дистрибуција на вода
- системи за перење
- третман на вода
- системи за спречување пожари
- системи за ладење
- постројки за притисок
- системи за наводнување
6.2.1 КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Ако производот е изграден со материјали компатибилни со пумпање вода за
пиење, пред да се користи мора да работи со чиста вода со номинална
брзина на проток во времетраење означено во табелата подолу:
EVMS1
60 минути (минимум)
EVMS3
60 минути (минимум)
EVMS5
30 минути (минимум)
EVMS10
30 минути (минимум)
EVMS15
15 минути (минимум)
EVMS20
15 минути (минимум)
EVMS32
15 минути (минимум)
EVMS45
15 минути (минимум)
EVMS64
15 минути (минимум)
EVMS90
15 минути (минимум)
6.3 НЕНАМЕНСКА УПОТРЕБА
Неправилното користење на пумпата може да предизвика
опасни состојби и телесни повреди и/или материјална штета.
Ненаменската употреба на производот може да ја
ВНИМАНИЕ!
поништи гаранцијата
Тие не смее да се користат за:
- ракување со нечиста вода
- вода со големо присуство на киселини
- корозивни течности
- вода со температури повисоки од оние наведени во поглавјето „ТЕХНИЧКИ
ПОДАТОЦИ"
- морска вода;
- запаливи и/или експлозивни течности
- течности што не се компатибилни со градежните материјали на пумпата
- надворешна инсталација без заштита од атмосферски агенси
- работење без течност
[-F-]
MK
275

Publicité

loading