Télécharger Imprimer la page

ST MP2 554 Serie Manuel D'utilisation page 232

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 158
моторот следејќи ги соодветните упатства, 
уверувајќи се дека машината е стабилна пред 
да започнете со каква било интервенција.
Во случај на страничен или заден
испуст: ако е поставен, треба да го 
извадите дефлекторот на испустот.
За внатрешно перење на комплетот со уредот 
со сечивото, постапете како што следи:
1.
Извадете ја вреќата за собирање.
2.
Составете го садот со вода на 
соодветното место (сл.20.A).
3.
Поставете ја висината на косење 
во најниска позиција.
4.
Стојте секогаш зад ракофатот на тревокосачката.
5.
Запалете го моторот.
Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да 
отпадне заради абразивното дејство на покосената 
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате 
со премачкување лак против 'рѓосување за да се 
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
7.4.3
Чистење на вреќата
1.
Испразнете ја вреќата за собирање.
2.
Протресете ја за да ги исчистете 
остатоците од тревата и земјата.
Исперете и исплакнете ја и 
3.
оставете ја да се исуши бргу.
7.5
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Одржувајте ги шрафовите и навртките 
затегнати за да бидете сигурни дека 
машината е секогаш безбедна за работа.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да извршите каква било контрола,
чистење или интервенција за одржување/
регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
• Проверете дали моторот е соодветно изладен.
• Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.21.0).
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја 
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте
го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е
застанат докрај.
Сите операции што се поврзани со уредот
со сечивото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена) се
одговорни работи и изискуваат специфична
компетентност покрај соодветни алати. Од
безбедносни причини, истите треба секогаш да ги
извршува специјализиран сервисен центар.
Заменувајте го секогаш уредот со сечивото
ако е оштетен, изабен или истрошен, заедно
со соодветните шрафови за да ја одржите
рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални
уреди со сечива, дадени со код во
табелата „Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со 
сечивото наведени во табелата „Технички 
податоци" треба со време да се заменат 
со други со соодветни карактеристики за 
замена и функционална безбедност.
9.
ОДЛАГАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
1.
Вклучете го моторот на отворено и одржувајте 
го во минимален режим на работа сè додека 
не се изгасне за да го потроши целото 
гориво што останало во карбураторот.
2.
Оставете го моторот да се излади.
3.
Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.21.0).
Исчистете ја машината детално (пасус 7.4).
4.
5.
Проверете дали на машината има 
оштетувања. Ако е потребно, контактирајте 
со овластен сервисен центар.
6.
Одложете ја машината:
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• По можност покриена со прекривка.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите и 
опремата што ја користевте при одржувањето.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување, 
транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината (пасус 6.5).
• Проверете дали сите делови што се 
движат се застанати целосно.
• Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.21.0).
• Носете заштитни ракавици.
• Фатете ја машината на места кои нудат 
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината 
тежина и распределба на истата.
• Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност 
со тежината на машината и карактеристиките 
на средството за транспорт или за местото на 
кое треба да се донесе или земе истата.
• Проверете дали кога работи машината, нема 
знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило или на приколка:
• Користете пречки за отпор со 
соодветна должина и ширина.
• Носете ја машината со изгаснат мотор без можност 
да се вклучи, ангажирајќи соодветен број лица.
• Спуштете ја плочата со уредот 
со сечивото. (пасус 5.6).
MK - 11

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp2 554 roller serie