ЗАБЕЛЕШКА Активирањето на командата
за придушувачот кога моторот е топол
може да ја замасти свеќичката и да доведе
до неправилна работа на моторот.
6.4
РАБОТА
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте
безбедно растојание од уредот со сечивото која
се определува со должината на ракофатот.
ВАЖНО Секогаш пуштете ја рачката за палење
(сл.19.A) и постигнете гаснење на уредот со сечивото:
• При менување на локацијата на работа.
• При преминување на терени каде нема трева.
• Секојпат кога треба да поминете
преку некоја пречка.
• Пред да ја регулирате висината на косење.
• Секојпат кога ја вадите или поставувате
вреќата за собирање.
• Секојпат кога го вадите или поставувате
дефлекторот за задниот испуст (ако е предвидено).
• Секојпат кога го вадите или поставувате
дефлекторот за страничниот
испуст (ако е предвидено).
6.4.1
Косење трева
1.
Започнете ги движењето и косењето
во средина со трева.
2.
Прилагодете ја брзината на движење и/
или подигнете ја висината за косење (пасус
5.6) согласно условите на тревникот(висина,
густина, влажност на тревата) и на
квалитетот на распостелената трева.
3.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед
ако косењето се изведува секогаш на иста
висина и наизменично во два правци (сл.17.0).
Во случај на „сечкање" или
заден испуст на тревата:
• Секогаш избегнувајте да косите огромна
количина на трева. Никогаш не косете
повеќе од една третина од вкупната
висина на едно поминување (сл.18.0).
• Одржувајте ја шасијата секогаш
убаво исчистена (пасус 7.4.2).
Во случај на страничен испуст: се
препорачува да се изврши преглед за да се
избегне исфрлање на покосената трева на
делот од тревникот што треба да се коси.
6.4.2
Совети за одржување убав тревник
• За да одржувате тревник со убав изглед, зелен
и мек, потребно е редовно косење. Тревникот
може да се состои од повеќе видови трева. Со
често косење, најмногу растат треви коишто
развиваат многу корени и формираат солидна
тревна покривка. Во спротивно, ако косењето се
одвива поретко, претежно се развиваат високи
треви и коров (детелина, маргаритки и сл.)
Зачестеноста на косење треба да се координира
со растот на тревата, избегнувајќи при тоа
тревата да нарасне премногу меѓу две косења.
• Оптималната висина на тревата на добро одржуван
тревник е околу 4-5 см и во едно косење не треба
да се оди повеќе од една третина од вкупната
висина. Ако тревата е многу висока, подобро е
да косите на двапати, со растојание од еден ден.
Првиот пат со уредот со сечивото на максимална
висина, а вториот пат на саканата висина.
• Mногу ниско косење предизвикува корнење
и проретчување на тревната површина
со што остануваат „голи места".
• Во периоди кога времето е студено и врнежливо,
тревата треба да се одржува делумно висока
за да се намали сушење на теренот.
• Секогаш се претпочита да се коси тревата кога
тревникот е сув. Не косете ја тревата кога е
наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на
уредот со сечивото врз тревата бидејќи ќе се лепи
и ќе предизвика заглавување со залепена трева,
• Уредот со сечивото треба да е интегрирано
и добро наострено за да може сечењето
да биде уредно и без шаренила коишто
доведуваат до пожолтување наместа.
6.4.3
Вадење на вреќата за собирање
Кога вреќата за собирање (сл.1.H) ќе се
наполни, собирањето нема да биде ефикасно
и звукот на машината се менува.
Во случај кога на вреќа за собирање
има сигнализатор за содржината:
Подигнат = празно.
Спуштен = полно.
За време на работата, кога уредот со сечивото
се движи, сигнализаторот е подигнат што
посочува дека вреќата собира покосена
трева. Кога ќе се спушти, посочува дека
вреќата е полна и треба да се испразни.
За да ја извадите и испразните вреќата за собирање:
1.
Пуштете ја рачката за палење (сл.19.A) и
постигнете гаснење на уредот со сечивото:
2.
Само со вреќа од, тип „II":
• Подигнете ја заштитата на задниот испуст
(сл.11.A).
3.
Зафатете ги ракофатите и извадете ја вреќата
за собирање држејќи ја исправено..
6.5
ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
Пуштете ја рачката за палење (сл.19.A) и
1.
постигнете гаснење на уредот со сечивото:
2.
Донесете ја рачката за забрзувачот во
позиција за "гаснење на моторот" (сл.19.B)
Штом ќе ја пуштите рачката за палење,
потребни се неколку секунди пред да застане
уредот со сечивото.
MK - 9