Télécharger Imprimer la page

ST MP2 554 Serie Manuel D'utilisation page 227

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 158
1.
„Мелењето" е активирано. Се 
користи кога се пали студен мотор.
2.
Целосен режим. Треба да се користи 
секогаш кога работи машината.
3.
Минимум. Cе користи кога моторот е 
загреан во текот на фазите на запирање.
4.
Гаснење на моторот. Се користи 
за да се застане моторот.
ЗАБЕЛЕШКА За палење на ладно, палењето треба
да се направи по околу 5 минути по застанување
на моторот или по дополнување гориво.
5.3
РАЧКА ЗА УСОГЛАСЕНО ПАЛЕЊЕ
НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
Е рачка којашто овозможува усогласено 
палење на уредот со сечивото.
Палењето се случува кога рачката  (сл.7.A) 
ќе се повлече кон ракофатот.
Со ослободување на рачката за усогласување 
(сл.7.A), уредот со сечивото застанува, 
но моторот сè уште работи.
5.4
РАЧКА ЗА ПАЛЕЊЕ НА
УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
Е рачка кога го пали уредот со сечивото (сл.7.B).
Вклучувањето на уредот со сечивото треба 
да се изведе кога моторот работи.
За да го вклучите уредот со сечивото:
1.
повлечете ја рачката за усогласување  
(сл.7.A) наспроти ракофатот.
2.
притиснете ја енергично нанапред 
рачката за палење (сл.7.B) 
докрај и пуштете ја да се врати 
во позиција на мирување.
Движењето треба да се
изведе бргу и решително за
да се избегне пролизгување и
оштетување на спојницата.
ВАЖНО Кога машината се користи за
првпат по набавката, задолжително повторете
ја низата за палење и гаснење на уредот со
сечивото 20 пати последователно. Оваа постапка
ја подобрува изведбата на триењето.
5.5
РАЧКА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПОГОНОТ
Го активира движењето на тркалата и 
дозволува движење на машината.
1.
Активиран погон. Движењето на 
тревокосачката се одвива кога ќе ја 
притиснете рачката кон ракофатот 
(сл.8.A). Тревокосачката престанува 
да се движи со пуштање на рачката.
ВАЖНО Палењето на моторот треба
да изведе со исклучен погон.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на преносот, избегнувајте да ја влечете
машината назад со вклучен погон.
5.6
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата 
може да се коси на различни висини.
Изведувајте ја операцијата кога уредот со
сечивото мирува.
• Регулација на тип „I".
Регулацијата на висината за косење се 
постигнува со притискање на копчето (сл.9.A) и со 
подигнување и спуштање на шасијата со помош 
на ракофатот (сл.9.B) до саканата позиција.
• Регулација на тип „II".
Регулацијата на висината на косење се изведува 
со помош на соодветната рачка (сл.9.С) којашто ја 
подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО Погледнете го соодветното упатство во
однос на работата на моторот и батеријата (ако има).
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да 
спроведете серија контроли и операции за 
да обезбедите дека работата ќе се одвива на 
ефикасен начин и со максимална безбедност.
Ставете ја машината хоризонтално 
и стабилна на теренот.
6.1.1
Дополнување масло и гориво
ВАЖНО Машината се доставува без
масло во моторот и без гориво.
Пред да ја користите машината за првпат по 
купувањето, наполнете гориво и дополнете 
масло согласно начинот и мерките за 
претпазливост посочени во упатството за 
работа со моторот и пасусот 7.2/7.3.
Пред секоја употреба
MK - 6

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp2 554 roller serie