Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 FDGROVB Notice Originale page 61

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
k) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот
може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или
да предизвика повратен удар.
l) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како
резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за
обработка може да свијат како последица на својата тежина.
Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на
работ.
m) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Користете сигурносна опрема. Секогаш носете заштита за очи.
Сигурносната опрема како маска против прашина, сигурносни
чевли кои не се лизгаат, шлем, или заштита за ушите, користени
во конкретни услови ќе ги намалат вашите повреди. Никогаш
не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина. Прашината и струготините не смеат да се
одстрануваат додека е машината работи.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бучава може да
предизвика губење на слухот.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може
да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
- при ракување со алатката
- при ставање на апаратот на страна.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона
на искрење). Не користете издув за прав.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи една копчеста
литиумска батерија. Доколку се голтне, или доколку влезе во
телото, нова или стара батерија може да предизвика тешки
120
внатрешни изгореници и да доведе до смрт за помалку од два
часа. Секогаш обезбедувајте го поклопецот на батеријата.
Доколку не се затвора добро, запрете го уредот, извадете ја
батеријата и држете ја понастрана од деца. Ако мислите дека
батеријата била голтната или дека влегла во телото, веднаш
побарајте лекарска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко достапни
места и агли.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на
приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку
од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
МАКЕДОНСКИ
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ЕЛЕКТРОНИКА
Вградената електроника ќе обезбеди константна брзина дури и
при зголемено оптоварување.
При преоптоварување бројот на вртежи се намалува до состојба
на мирување.
Апаратот располага со една заштитна функција за Overload
и Anti Kickback и во случај на соодветно преоптоварување
застанува со работа.
Ве молиме обратете внимание дека машината во случај на
престанок на преоптоварувањето повторно самостојно се враќа
на претходниот број на работни вртежи.
После постигнувањето на бројот на работни вртежи апаратот
повторно е подготвен за употреба.
РЕСТАРТИРАЈТЕ ГО ПРЕСЕКУВАЊЕТО
Нуланапонската исклопка го спречува повторното стартување
на машината после прекин на струја.
Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја
машината и потоа вклучете ја повторно.
МЕК СТАРТ
Електронскиот мек старт за безбедна употреба спречува
немирен залет на машината.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно.
ONE-KEY™ индикатор
Сино постојано светло: Безжичниот режим е активен и подготвен
за конфигурирање преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко светло: Алатката активно комуницира со
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло: Алатката е заклучена поради
безбедност и може да ја отклучи операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
ЧИЩЕННЯ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Насока на вртење
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно. Отпадните батерии, отпадните
акумулатори и отпадните извори на светлина
треба да се отстранат од опремата. Проверете кај
вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање. Во зависност
од локалните регулативи, трговците на мало
може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната
електрична и електронска опрема. Вашиот
придонес за повторна употреба и рециклирање
на отпадните батерии и отпадната електрична
и електронска опрема помага да се намали
побарувачката на суровини. Отпадните батерии,
посебно оние што содржат литиум, и отпадната
електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно
да влијаат на животната средина и на здравјето
на луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин. Избришете ги личните
податоци од отпадната опрема, доколку ги има.
n
Hоминална брзина
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
121

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 fdgrovpdb