– Свртете го десниот граничник (31) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (72) не налегне на
граничникот (31).
Проверка (види слика X1)
– Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика X2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (72) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (72) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (72).
Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика Y1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(15) и сечилото за пила (13) на масата за пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување: (види слика Y2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (73)
со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (17)
заедно со скалата (19), додека кракот на агломерот не
лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (26) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (19), олабавете ја
завртката (74) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0° ознаката.
Транспорт (види слика Z)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
Bosch Power Tools
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (36), доколку
таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (35) е
притиснат сосема навнатре и завртката за
подесување (4) при движењето на кракот на алатот
минува низ отворот без да го допре граничникот за
длабочина.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете
ги неискористените сечила за пила во затворена
кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
– Електричниот алат носете го со транспортната
рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (29)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (5).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонски | 403
1 609 92A 8KY | (07.03.2023)