Télécharger Imprimer la page

Bosch 0601B47000 Notice Originale page 402

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
402 | Македонски
Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види
слика U1)
– Олабавете ги двете завртки (67) на заштитното капаче
на ласерот (10) со клучот со внатрешна шестаголна
глава (44).
Подесување (види слика U2)
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
– Свртете ја десната завртка за подесување (68) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека
десниот ласерски зрак не налегне на целокупната
должина на означената линија на сечење на делот што
се обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
– Свртете ја левата завртка за подесување (68) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека
левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание
до означената линија на сечење на делот што се
обработува како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика V2)
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Притиснете го граничникот (43) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (70) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
1 609 92A 8KY | (07.03.2023)
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (70).
Доколку по подесувањето, агломерот  не е во линија со 0°
ознаката на скалата (32) олабавете ја завртката (69) со
обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката.
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (16).
– Свртете го левиот граничник (31) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (71) не налегне на
граничникот (31).
Проверка (види слика W1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика W2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (71) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (71) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (71).
Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (16).
– Извлечете го граничникот (43) целосно нанапред.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 18v-216 dc professional