390 | Македонски
Користете ја батеријата само во производи на
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Внимание! При користењето на електричниот алат
u
®
со Bluetooth
може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто
така не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
електричниот алат со Bluetooth
Избегнувајте долготрајна употреба во директна
близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани марки и сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со
зборови/слики се врши со лиценца преку Robert
Bosch Power Tools GmbH.
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Електричниот алат се испорачува со ознака за
u
предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и
нивно значење").
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Можностите за подесување опишани во ова упатство
за употреба можете безбедно да ги користите.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Внимание – доколку користите други уреди за
u
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
1 609 92A 8KY | (07.03.2023)
Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од
u
друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е
соодветен на овој електричен алат, може да има
опасност за лицата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
®
во
®
во авиони.
3 601 M47 0..
3 601 M47 0B.
Класа 1
Потрошувачки ласерски производ
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Ги прикажува претходно поставените
степени на брзина.
При сечење на вертикални агли на
закосување подесливите гранични
водилки мора да се повлечат сосема
нанадвор одн. целосно да се отстранат.
Внимавајте на димензиите на сечилото
за пила. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното
на алатот. Доколку е неопходно
користење на редуцирни делови,
внимавајте димензиите на
редуцирниот дел да одговараат на
дебелината на сечилото за сечење и на
Bosch Power Tools