Télécharger Imprimer la page

Bosch 0601B47000 Notice Originale page 396

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
396 | Македонски
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(види слики D1−D4)
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(59) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (44) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (58), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (58) и
одвртете ја завртката (59) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (60).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(12) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (13).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (12)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (62).
– Поставете ги стезната прирабница (60) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (59). Притиснете ја
блокадата на вретеното (58) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтажа со SDS-болцни (види слика E)
При вертикално сечење со закосување и користење
u
на SDS-болцни (63), пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина (35) , мора да се осигурите дека SDS-
болцните во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува. На тој
начин се спречува оштетување на SDS-болцните и/или
делот за обработка.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (58) и
одвртете ги SDS-болцните (63) во правец на стрелките
на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (60).
1 609 92A 8KY | (07.03.2023)
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(12) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (13).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(12). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (62).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (60) и SDS-
болцните (63). Притиснете ја блокадата на вретеното
(58), додека не се вклопи и затегнете ги SDS-болцните
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач (38) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (38).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (38).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (36), ако го
заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (4) сосема
нагоре.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 18v-216 dc professional