1
2
3
4
5
6
7
Ако имате какви било прашања или проблеми, контактирајте со обучени
медицински лица или нашите советници за клиенти.
Темелно измијте и дезинфицирајте ги рацете пред
употреба. Не допирајте го катетерот директно
(освен приклучокот). Користете ја функционалната
амбалажа за да го држите катетерот.
Отворете ја водната перничка со виткање и
притискање.
Испразнете ја целата содржина така што целиот
катетер се е потопен најмалку 30 секунди (освен
приклучокот).
Дезинфицирајте го отворот на уретрата и пределот
околу неа со соодветно мукозно средство
за дезинфекција (следете ги упатствата од
производителот на средството за дезинфекција).
Отворете ја кесата за собирање урина напред и
откријте ја главата на катетерот. Ако катетерот се
заглави во пакувањето, полека извадете го.
Внимателно вметнете го катетерот во уретрата
додека не се исцеди урината. Кога ќе престане да
тече урина, полека повлечете го катетерот.
Притиснете го катетерот во кесата за собирање
урина и затворете ја со јазол. За да ја испразните,
отворете ја кесата кај задната ознака за откинување.
Фрлете го катетерот со домашниот отпад.