Македонски - Manfred Sauer IQ-Cath IQ2604 Serie Notice D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 6
Македонски
Хидрофилен катетер за еднократна употреба за ИСК (интермитентна
самокатетеризација)
Подготвено за употреба
2-зонски катетер (топчеста глава и зона за наведување)
Кеса за собирање урина
Вкупна должина: околу 430 mm, должина без приклучок: околу 400 mm
4 големини: CH 12, CH 14, CH 16, CH 18
Целна група: IQ26x4.xx – Мажи
Намена:
IQ-Cath е наменет за еднократна и привремена дренажа на урина од мочниот меур
за терапевтски или дијагностички цели при нарушувања на празнењето на мочниот
меур. Може да се врши еднократна или интермитентна самокатетеризација (ИСК)
или надворешна катетеризација (НК).
Индикација:
Индикацијата за ИСК или НК се прави по соодветна дијагностика и во зависност од
индивидуалната ситуација на засегнатото лице.
IQ-Cath е погоден за катетеризација при следниве индикации: Нарушувања на
празнење на мочниот меур од различно потекло (на пример, неврогено), недоволна
активност на детрузорот или контрактилност на детрузорот, хронична уринарна
ретенција, нефизиолошко празнење на мочниот меур (притисна миктурација) со
и без резидуална урина.
Контраиндикација:
IQ-Cath може да не е соодветен ако се појават следниве проблеми. Во овие случаи,
мора секако да се контактира со лекар пред каква било употреба: Повреда на
уретрата, крварење во уретрата, акутно воспаление на уретрата или простатата,
опструкции на текот (на пр. тумори) во уретрата, уретралниот сфинктер или
простатата.
Упатство за употреба:
Првата примена треба да се направи под водство на професионално лице.
Ако течноста веќе излегла од водната перничка во пакувањето, катетерот повеќе
не смее да се користи.
Ризици и мерки на претпазливост:
Употребата на катетри (особено ако се користат неправилно) може да предизвика
иритација/инфекција или оштетување на уринарниот тракт. Во таков случај, веднаш
побарајте медицинска помош.
Доколку се користи неправилно, во мочниот меур може да остане резидуална
урина. Катетерот е наменет за еднократна употреба. Повторната употреба или
повторното чистење го зголемува ризикот од инфекција. Не користете без претходно
активирање со стерилен солен раствор од 0,9 %, бидејќи не е лизгаво. Водата од
чешма го нарушува стерилитетот на катетерот со што се зголемува ризикот од
инфекција. Не користете ако стерилното пакување е оштетено или ако катетерот
е оштетен, бидејќи постои ризик од инфекција. Препорачуваме температура на
примена од 15 – 25°С.
Доколку при употребата на катетрите за еднократна употреба „IQ-Cath" дојде до појава на сериозни несакани
дејства, за тоа треба да се извести производителот и надлежниот државен орган во државата во која
престојува корисникот.
MANFRED SAUER GmbH не презема одговорност за штети или повреди кои може да настанат како резултат
на несоодветно ракување кое е спротивно на ова упатство за употреба или како резултат на неприменување
на упатствата за хигиена.
46
Број на артикл
сериски број
Да се чува на суво место
Да не се стерилизира повторно
Количина
Не е наменето за повеќекратна
употреба
Стерилизација со етиленоксид
Број на шаржа
Следете ги упатствата за употреба
CE-ознака медицински
производ
IQ 2604.xx
Употребливо до (година-месец-ден)
Не е наменето за повеќекратна употреба
Фармацевтски број на регистрација
Тарифа на лекови (каталог на лекови на
NHS во Велика Британија кои можат да се
надоместат)
Список на производи и услуги
Да не се користи доколку пакувањето е
оштетено
Датум на производство
Производител
Овластен швајцарски претставник
Увозник
IQ 2614.xx

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Iq-cath iq2614 serie

Table des Matières