Запознајте Ја Машината; Опис На Машината Ипредвидена Употреба; Ознаки За Безбедност - GGP ITALY SPA B 26 J Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour B 26 J:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 234
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и
однесат во соодветни собирни центри
кои рециклираат материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно преносен
поткаструвач на грмушки/поткаструвач
на жива ограда со термички мотор
предвиден за домашна употреба.
Машината главно се состои од мотор којшто
со помош на оската за пренос сместена
во цевка и аголен придвижувач активира
уред за сечење конфигуриран за разни
типологии за работа со разни функции.
Операторот може да ја држи машината
со помош на заштитна опрема и може
да ги вклучува основните команди
постојано одржувајќи го уредот за
сечење на безбедносно растојание.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
• косење трева и бездрвна вегетација
со помош на најлонски конец што
се наоѓа во макара за конец,
• за сечење на висока трева, грмушки,
гранчиња и шумски бусени со дијаметар
од најмногу 2 см и со помош на
метални или пластични ножеви,
• сечење на дрвени делови и соборување
на дрвја со мали димензии (само
со сечиво за пила, ако има),
• и може да ја користи само еден оператор.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
• употреба на машината за метење;
• регулација на живата ограда или
други работи така што уредот со
сечивото се наоѓа одоздола:
• поткастрување дрвја;
• употреба на машината со уредот за сечење
над линијата на ременот на операторот,
• употреба на машината за
косење материјали што не се
од вегетативна природа;
• употреба на уреди со сечива што не
се наведени во табелата „Технички
податоци". Опасност од сериозни
повреди и оштетувања.
• употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за „домашна употреба".
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа
машина може да биде опасна
за вас или за другите доколку
не се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред да ја
користите оваа машина,
прочитајте го упатството
за употреба.
MK - 5

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières