5.5 6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ПРИДУШУВАЧОТ
И НА МОТОРОТ
Чистењето на моторот и придушувачот се
изведува на ладен мотор.
а) Користете млаз од компресиран воздух
или четка за да ги отстраните остатоците и
нечистотијата што можат да предизвикаат
придушувачот (сл. 9.А) и заштитниот поклопец
да се запалат (сл. 9.Б).
б) Исчистете го цилиндарот и перките (сл. 9.В)
за да го олесните ладењето на моторот и да
спречите негово прегрејување.
в) Исчистете ги пластичните делови со сунѓер
(сл. 9.Г) натопен во вода и детергент.
5.6 ОДРЖУВАЊЕ НА
ВОЗДУШНИОТ ФИЛТЕР
Филтерот мора секогаш да се одржува добро
исчистен и треба да се замени ако се истроши
или оштети.
а) Исчистете околу капакот на филтерот (сл.
4.А).
б) Извадете го капакот (сл. 4.А) со олабавување
на јазичето (сл. 4.Б).
в) Извадете го филтерот (сл. 4.В или 4.В.1).
г) Цевката за всисување (сл. 4.Д) затворете ја
со крпа за да се избегне можно влегување на
нечистотија.
д) Спроведете одржување на елементот со
филтерот како што е посочено подолу за
различни видови.
ѓ) Исчистете го куќиштето (сл. 4.Г) од прашина,
остатоци, и внимавајте да не навлезе
нечистотија во цевката за всисување (сл. 4.Д).
е) Вметнете го филтерот (сл. 4.В или 4.В.1) во
куќиштето и затворете го капакот (сл . 4.Б).
• Сунѓерест филтер (сл. 4.В)
Филтерот треба да се одржува добро исчистен
и натопен со масло, треба да се смени ако е
оштетен, расечен или исушен.
ВАЖНО
воздух за чистење на филтерот за воздух.
– Перете го филтерот од сунѓер со вода и
детергент и исушете го со чиста ткаенина.
– Натопете го филтерот со 2 лажици чисто
моторно масло и стиснете го неколку пати за
рамномерно распространување на маслото.
– Отстранете го прекумерното масло со чиста
ткаенина.
Во случај кога треба да се замени филтерот,
треба истиот да се натопи одново со масло како
што е погоре посочено.
• Кертриџ филтер (сл. 4.В.1)
– Млазот со компресиран воздух насочете го кон
внатрешноста за да ја отстраните прашината и
отпадоците.
5.7 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ
НА СВЕЌИЧКАТА
1. Извадете ја свеќицата (сл. 10.А) со
помош на француски клуч (сл. 10.Б).
2. Исчистете ги електродите
(фиг. 10.C) со метална четка за
отстранување на евентуални
јаглени талози.
3. Со помош на мерач на дебелина (сл. 10.Г)
уверете се дека растојанието помеѓу
електродите е соодветно (0.6 - 0.8 mm).
4. Повторно вратете ја свеќицата
(сл. 10.А) и силно прицврстете ја со
помош на француски клуч (сл. 10.Б).
Заменете ја свеќицата доколку
се прегорени електродите или
порцеланот е скршен или оштетен.
Опасност од пожар! Не го
проверувајте уредот за палење
доколку свеќичката не е во седиште.
ВАЖНО Користете свеќички од
препорачаниот вид (види Техничка табела).
9
Не користете компримиран