Télécharger Imprimer la page

ST WBE120LS Manuel D'utilisation page 164

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 115
Одржување
• Во случај да треба да се испразни
резервоарот, извршете го празнењето
на отворено и при студен мотор.
• Контролирајте редовно да не има
губење на масло и/или гориво за да
се намали ризикот од пожари.
Складирање
• Не оставајте гориво во резервоарот
доколку машината е гаражирана во
зграда каде испарувањата од горивото
може да допрат во контакт со оган,
искри или извори на топлина.
• Машината да се излади на
отворено пред гаражирањето.
Транспорт
• Транспортирањето треба да се
врши со празен резервоар.
2.5 АКУМУЛАТОР, ПОЛНАЧ ЗА
АКУМУЛАТОР (ДОКОЛКУ ИМА)
ВАЖНО Следните безбедносни
инструкции ги опфаќаат безбедносните
барања наведени во даденото упатство за
акумулаторот и полначот на акумулаторот
што се доставува заедно со косилката.
• Користете само полначи за полнење
на батериите што ги препорачува
производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да
предизвика електричен удар,
прегревање или протекување на
корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите
подалеку од канцелариски прибор,
пари, клучеви, игли, навртки и други
мали метални предмети што може да
предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата
на места каде има гасови, запаливи
супстанци или лесно запаливи површини,
како што се хартија, ткаенина и слично.
За време на полнењето, батеријата се
загрева и може да предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите,
обрнете внимание контактите да не
дојдат во спој меѓу себе и не користете
метални кутии за транспорт.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да е приоритет при користење
на косилката, и да биде од корист за
граѓаните и за животната средина.
Избегнувајте да го вознемирувате соседството.
Користете ја косилката само во разумно
време (не многу рано наутро и доцна навечер
кога може да ги вознемирите соседите).
Почитувајте ги локалните прописи за
отстранување на пакувањето, искористените
делови или други делови што имаат силно
влијание врз животната средина овие отпадоци
не се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат
разделени и да се достават до соодветни
центри за собирање на истите, кои ќе се
погрижат за рециклирање на истите.
Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали
Кога машината ќе престане да работи
не ја оставајте било каде во животната
средина, туку обратете се во центар за
собирање на машини од овој вид.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во
согласност со директивата на ЕУ
2012/19/EU, отпадот што се состои од
електрични и електронски апарати е
ваша одговорност и, во согласност со
националните одредби, искористените
електрични апарати треба да се отстранат
засебно за да може подоцна да можат да се
употребат за еко рециклажа. Ако
електричните апарати се одложат на
ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт со елементите во
почвата и да навлезат во синџирот на
исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје
и благосостојбата. За подетални информации
околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на
употреба, извадете ја батеријата
обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал
што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен сад
што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите
и искористените пакувања
овозможува рециклирање на
материјалите и повторна употреба.
повторната употреба на
рециклираните материјали спречува штета на
животната средина и ја намалува потребата
за примарни материјали.
3

Publicité

loading

Produits Connexes pour ST WBE120LS