Не е потребна регулација на растојанието
меѓу сечивата бидејќи движењето
е веќе поставено фабрички.
8.1.2 Острење
Острењето е неопходно кога изведбата
на ножевите опаѓа и гранките се
наведнуваат и честопати се заплеткуваат.
Од безбедносни причини, острењето
мора да се изведе во овластен сервисен
центар кој располага со стручност и
соодветни алатки за извршување; на оваа
работа без да се ризикува оштетување на
сечивото и да се предизвика небезбедна
состојба во текот на работата.
Ножот со оштетени сечива не смее
никогаш да се остри, туку да се замени.
8.1.3 Замена
Сечивото никогаш не смее да
се поправа, туку мора да се замени
штом ќе се забележат зачетоци на
оштетување или кога ќе се достигне
дозволениот лимит за острење. Од
безбедносни причини, тоа треба да се
замени во овластен сервисен центар.
Со оваа машина предвидено е да се користи
сечивото коешто го носи кодот посочен
во табелата сос технички податоци.
Заради развојот на производот, сечивата
наведени во табелата "Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што
треба да се следат во текот на ракување се
наведени во пасус 2.4. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
9.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето (пас. 7.2.2);
2. со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото
3. оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија;
4. Исчистете ја машината (пас. 7.3);
5. уверете се дека нема делови кои се
оштетени или не се прицврстени. Ако
е потребно, заменете ги оштетените
делови и затегнете ги разлабавените
завртки и навртки, или контактирајте
го овластениот сервисен центар;
6. складирајте ја машината:
– на суво место;
– заштитена од лошите
временски услови;
– подалеку од дофат на деца;
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина
без директна сончева светлина,
на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг
период, полнете го акумулаторот секои два
месеца за да ѝ се продолжи рокот на траење.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или
транспорт на машината потребно е:
– застанете ја машината (пас. 6.5);
– извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето (пас. 7.2.2);
– со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото
– носете заштитни ракавици,
– Фатете ја машината само за држачите и
насочете го уредот за сечење во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога ја транспортирате машината
со возило, не заборавајте да:
– обезбедете ја соодветно машината
со помош на јажиња или синџири,
– да ја поставите така што нема да
претставува опасност за никого.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и ги
MK - 11