Télécharger Imprimer la page

Безбедносни Мерки; Воведни Операции - Stiga HT 500 Li 48 Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour HT 500 Li 48:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 172
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
ОВАА МАШИНА МОЖЕ ДА
ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ
ОШТЕТУВАЊА И ПОВРЕДИ. Прочитајте го
внимателно упатството за правилна
употреба, подготовка, одржување,
палење и исклучување на машината.
Запознајте се со командите и
правилното користење на машината.
Научете брзо да ја запирате машината.
• Не дозволувајте никогаш деца да
ја употребуваат машината, или
други лица што не се запознаени со
основните упатствата. Локалните
законски прописи ја одредуваат
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината
доколку корисникот е во состојба на
замор или изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот
за навремено реагирање или внимание,.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен
за незгодите или опасноста по други
лица или нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа и
проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете
ги сите неопходни безбедносни мерки за
да ја гарантирате својата, но и безбедноста
на другите особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на
машината има други лица, проверете
дали корисникот ги почитува упатствата
што се содржани во ова упатство.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна заштитна облека
посочена како облека за заштита при
косење, ракавици против вибрации,
шлем, заштитни очила, заштита од
прав, акустична заштита и чевли со
заштита од сечење и лизгање.
• Не носете марами, наметки, ремени,
бразлетни, облека со лелеави делови
или со врвки и врски и слични додатоци
што висат или се долги и би можеле да се
закачат за машината или за предмети и
материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја
косата доколку е долга.
Област за работа/машина
Проверете го темелно целиот простор
за работа и тргнете сè што може да се
заплетка во сечивото, да го оштети и
да му предизвика сериозни физички
повреди на операторот (кабли,
електрични жици, јажиња и Сл.).
• Cекогаш внимавајте на опкружувањето
и секогаш пазете на можните ризици
за кои можеби нема да бидете свесни
заради бучавата на машината.
• За да се избегне ризикот од инциденти,
не оставајте ја машината со топол
мотор во лисја и сечена трева.
2.3 ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина
каде постои ризик од експлозија, во
присуство на запаливи материи, гасови
или нечистотија. Електричните делови
предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление
и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните
од областа за работа. Неопходно е децата
да бидат под надзор на друго возрасно лице.
• Проверете дали други лица се наоѓаат
најмалку на 15 метри оддалеченост
од опсегот на работа на машината.
• Избегнувајте кога е можно да работите на
мокар и лизгав терен или на терени кои се
многу нерамни или закосени и не гарантираат
стабилност на корисникот при работата.
• Не изложувајте ја машината на дожд
или влажни услови. Водата што може
да навлезе во електричниот дел го
зголемува ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на
нерамнините на теренот (грутки, канали),
закосувањата, сокриени опасности и
на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство
на стрмнини, дупки или препреки.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
• Обрнете внимание на растојанието
од каблите кога се тие под напон.
Однесување
• Во текот на работата, машината секогаш
мора да се држи цврсто со двете раце.
• Фаќајте го електричниот дел само за
изолираните површини на рачките бидејќи
сечивото може да дојде во контакт со
сокриените кабли. Контакт на сечивото
за косење со кабел под напон може да
ги електризира металните делови на
машината и да предизвика електричен удар.
MK - 2

Publicité

loading