Télécharger Imprimer la page

Stiga HT 500 Li 48 Manuel D'utilisation page 244

Masquer les pouces Voir aussi pour HT 500 Li 48:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 172
• Избегнувајте контакт на телото со
површина со маса или со земја, како цевки,
радијатори, кујнски апарати, фрижидери.
Ризикот од електричен удар се поттикнува
ако телото се најде на маса или земја.
• Заземете цврста позиција
и бидете внимателни.
• избегнувајте користење на скалила
или нестабилни платформи;.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Секогаш држете ги рацете и нозете
подалеку од сечилото, особено при палење
на моторот и додека работите со машината.
• Внимание: сечивата продолжуваат
да се вртат уште неколку секунди
и по гаснење на моторот.
• Обрнете внимание да не удирате силно во
страни тела со ножевите заради можна
проекција на струготини предизвикани
од оштетување на ножевите.
Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете
го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето лице,
пристапете веднаш кон постапката за давање
најсоодветна прва помош за дадената
состојба и обратете се во соодветен центар за
здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци
од косењето што може да предизвикаат
дефект или повреди на лица или животни
ако останат незабележано во машината.
Долготрајната изложеност на
вибрации може да предизвика повреди и
невроваскуларни нарушувања (исто така
наречени „Рејнодов синдром" или „бела
рака"), особено кај луѓето кои страдаат од
нарушувања во циркулацијата. Симптомите
може да се покажат на рацете, на рачните
зглобови или на прстите и се манифестираат
со губење на осет, вкочанетост, чешање,
болка, обезбојување и структурални
промени на кожата. Овие ефекти може да се
зголемат со ниски надворешни температури
и / или од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
Ограничување при употреба
• Машината не треба да ја користат лица
што не се во состојба да ја држат цврсто со
обете раце и/или да одржуваат стабилна
рамнотежа на нозете во текот на работата.
• Никогаш не користете ја машината со
оштетена заштита, ако недостасува
или ако не правилно поставена.
• Не користете го електричниот апарат ако
прекинувачот не е правилно поставен во
позиција за вклучување или исклучување.
Ако електричниот апарат не може да
се вклучи со прекинувачот, тој е опасен
за употреба и треба да се поправи.
• Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на
непотребни сили и не користете
мала машина за изведување тешки
работи; адекватно користење на
машината го намалува ризикот и го
подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината
со користени или оштетени делови.
Оштетените или дефектните делови треба
да се заменат, никогаш да не се поправаат.
Дадените нивоа за бучава и
вибрации во ова упатство се максимални
вредности за употреба на машината.
Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината,
значително влијаат врз емисијата на
бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за
да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни
вибрации; редовно одржувајте ја
машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган,
не оставајте полни контејнери
во затворен простор.
2.5 БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА
АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните безбедносни
инструкции ги опфаќаат безбедносните
барања наведени во даденото упатство за
акумулаторот и полначот на акумулаторот
што се доставува заедно со косилката.
• Користете само полначи за полнење
на батериите што ги препорачува
производителот. Несоодветен полнач за
батеријата може да предизвика електричен
удар, прегревање или протекување на
корозивната течност од батеријата.
MK - 3

Publicité

loading