Télécharger Imprimer la page

По Работата; Редовно Одржување; Општо; Акумулатор - Stiga HT 500 Li 48 Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour HT 500 Li 48:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 172
При преместување, никогаш не
држете го прстот врз безбедносното
копче за да избегнете случајно палење.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Извадете го акумулаторот од
куќиштето и наполнете го (пас. 7.2.2).
• Кога сечилото е во мирување, ставете
ја заштита на сечилото (Сл. 1.E).
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Исчистете ја машината (пас. 7.3).
• Проверете дали деловите се
разлабавени или оштетени. Ако е
потребно, заменете ги оштетените
делови и затегнете ги разлабавените
шрафови и навртки или контактирајте
го овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Секогаш вадете го акумулаторот
(пас. 7.2.2) и ставете ја заштитата за
сечилото секојпат кога ја оставате машината
без надзор или нема да работите.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1
ОПШТО
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да интервенирате на
кој било начин на машината:
• запрете ја машината;
• извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето (пас. 7.2.2);
• со застанат уредот со сечивото, ставете
ја заштитата за сечивото дури и при
интервенција на самото сечиво;
• оставете моторот да се излади
пред да се остави машината
во која било просторија;
• носете соодветна облека,
заштитни ракавици и очила;
• прочитајте ги соодветните упатства.
– Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во "Табелата за одржување"
(видете поглавје 13). Табелата го
прикажува опсегот што ќе ви помогне
при одржување на ефикасноста и
безбедноста на машината. Во неа се
прикажани главните интервенции и
предвидените интервали за секоја од
ставките. Извршете ја соодветната
постапка пред првата појава.
– Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не
се оригинални, може да доведе
до несакани ефекти врз работата
и безбедноста на машината.
Производителот ја отфрла сета
одговорност во случај на штети
или повреди предизвикани
од такви производи.
– Оригиналните резервни делови се
обезбедени од страна на Овластените
центри за помош и Дилерите.
ВАЖНО Сите работи за одржување и
подесување коишто не се опишани во ова
упатство треба да се извршат кај дилерот
или во овластениот сервисен центар.
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Зачувувањето на енергија на акумулаторот
(и со тоа е потребна површина за сечење
пред полнењето) најчесто зависи од:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на акумулаторот:
– сечење/регулација на грмушки
со многу лисја или мокри,
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пас. 6.4.1);
– брзина на движење при сечењето
којашто не е адаптирана на условите
со грмушката што треба да се сече.
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• применете брзина на движење
што е соодветна за сечењето
и условите со жбунот,
• користете ја најсоодветната
техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
MK - 9

Publicité

loading