• косење трева воопшто, а особено
во близина на нерамен терен,
• сечкање материјали за ѓубрење,
• обликување,
• употреба на машината со уредот за
сечење над линијата на рамото,
• употреба на машината за
косење материјали што не се
од вегетативна природа,
• употреба на уреди со сечива што не
се наведени во табелата "Технички
податоци". Ризик од сериозни повреди.;
• употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на
машината доведува до поништување на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, корисникот е одговорен
доколку дојде до за предизвиканата штета
или повреда на себе или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за "домашна употреба".
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (Сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ!
Оваа машина може да биде
опасна за вас или за другите
доколку не се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред да ја
користите оваа машина,
прочитајте го упатството
за употреба.
Користете заштита за
ушите и очите.
Носете цврсти ракавици
за работа со заштита
против лизгање.
Да не се изложува на
дожд (или на влажност)
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА!
Внимавајте на можни
исфрлувања на материјали
коишто ги предизвикува
уредот со сечивото коишто
може да предизвикаат тешки
повреди на лица и предмети.
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА!
Оддалечете ги сите лица
или домашни животни
50' 15 m
најмалку 15 метри додека
работи машината.
Ризик од посекотини!
Држете ги рацете и нозете
подалеку од сечивото.
Класа II
Двојна изолација
ВАЖНО Сите оштетени или
нечитливи ознаки мора да се
заменат. Нарачајте резервни ознаки
од Овластен сервисен центар.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
НА ПРОИЗВОДОТ
Етикетата за идентификација на производот
ги содржи следните податоци (Сл. 1 ):
1. Ознака за усогласеност со CE
2. Име и адреса на производителот
3. Ниво на акустична моќност
4. Код на производ
5. Тип на машина
6. Сериски број
7. Година на производство
8. Волтажа и вид напојување
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Наведете ги податоците
од етикетата за идентификација на
производот секогаш кога ќе го контактирате
Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за сообразност
се наоѓа на последната страница во упатството.
MK - 5