Одложување; Одложување На Машината; Одложување На Батеријата; Движење И Транспорт - Stiga HT 40 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 160
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што
треба да се следат во текот на ракување се
наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
9.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2);
2. со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото.
3. оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија;
4. исчистете ја машината (пасус 7.3);
5. проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте со овластен сервисер;
6. одложете ја машината:
– во сува просторија;
– и засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина
без директна сончева светлина,
на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја
користите подолг период, полнете ја
батеријата секои два месеца за да ѝ
се продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или
транспорт на машината потребно е:
– застанете ја машината (пасус 6.5);
– извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2);
– со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото.
– носете заштитни ракавици,
– Фатете ја машината само за држачите и
насочете го уредот за сечење во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога ја носите машината со возило:
– обезбедете ја соодветно машината
со помош на јажиња или синџири,
– поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого,
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и
ги имаат неопходните инструменти со
коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани
лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик
на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат
само оригинални резервни делови.
Оригиналните резервни делови и
дополнителна опрема се специјално
дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната
опрема коишто не се одобрени, употребата
на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални ја
нарушуваат безбедноста на машината
и го ослободува производителот од
секоја обврска или одговорност.
• Препорачуваме да ја однесете
машината еднаш годишно во овластен
сервис за одржување, помош и
контрола на безбедносните уреди.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на
материјалите и производството. Корисникот
треба внимателно да ги следи сите упатства
кои се дадени до приложената документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите
настанати затоа што:
• не сте се запознале со
приложената документација;
• не сте внимателни;
MK - 11

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières